Со новиот Правилник за ГДП се пропишува формата и содржината на пополнетата годишна даночна пријава (образец ПДД‐ГДП), која за прв пат ќе биде пополнета и доставена до физичките лица од страна на УЈП за 2018 година, најдоцна до 30 април 2019 година после што физичките лица ‐ граѓани имаат рок од 30 дена (до 31 мај 2019 година) истата да ја потврдат или да бараат нејзина корекција. Сите останати детали се уредени со новиот Правилник кој можете да го симнете на ПОВЕЌЕ.
Од 1 јануари 2019 година дозволеното плаќање во ГОТОВО се НАМАЛУВА од 2.000 евра на 1.000 евра во денарска противвредност. Информација за ова и три упатства на Управата за финансиско разузнавање и Терк на Програма на Про агенс може да симнете на ПОВЕЌЕ.
Даночен третман: 1) Поделба со издвојување, со основање на ново друштво и 2) Советување и обуки за деловни цели на врабоени лица. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Насоки во врска со примената на Законот за данок на личен доход. Насоките симни ги на ПОВЕЌЕ.
Деновиве УЈП, до голем број на граѓани доставува покани барајќи документирани образложенија за правниот основ на остварените приходи пријавени во даночните пријави за 2017 годна, во износ поголем од 1 милион денари. Се работи за постапка на утврдување на оданочив промет заради кој мора да се изврши регистрација за ДДВ. Во овој праг за регистрација не влегуваат ПЛАТИТЕ, ДИВИДЕНДИТЕ,... но и некои други приходи кои се остварени од вршењето на услуги кои согласно со дефинициите во Законот за ДДВ не се оданочиви, односно чие место на промет не паѓа во земјата (на пр. сет на услуги утврдени во членот 13 став 3 од Законот за ДДВ, извршени за странски корисник, кој нема регистрирано фирма/подружница во МКД).... Во продолжение презентираме одговор на УЈП на прашање за даночниот третман на софтверско решение за нарачател од странство. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Во „Службен весник на РМ“, бр. 241/2018 од 26.12.2018 година е објавен НОВИОТ Закон за данокот на личен доход. Законот ќе се применува од 1 јануари 2019 година. Законот за данокот на личен доход може да го симнете на ПОВЕЌЕ.
Собранието на РМ на 66-та седница одржана (24 декември 2018-та година) ги усвои: Законот за данокот на личен доход и Законот за изменување и дополнување на Законот за придонесите од задолжително социјално осигурување. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Предлог Законот за данокот на личен доход е дополнет со амандмани усвоени на Комисијата за финансирање и буџет одржана на 6 декември 2018 година. Со овие дополнувања Законот е проследен на усвојување во Собрането на РМ. Целосниот текст на предлог Законот за данокот на личен доход со вклучени усвоени амандмани (со црни букви) може да го симнете на ПОВЕЌЕ.
Најнов пречистен текст на Законот за ПИО, заклучно со измените објавени во Службен весник на РМ, бр. 220/18 може да симнете (измените се разликуваат по бојата на буквите) на ПОВЕЌЕ.
Со Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски („Службен весник на РМ“, бр. 209/18) e уредeна финансиската поддршка за единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа од областа на: образованието, културата, детската и социјалната заштита за финансирање на доспеани, а неплатени обврски. Согласно со Законот во Сл. веник на РМ, бр. 224/18 пропишани се соодветни извештаи. Извештаите подготвени во форма на 3 excel-и може да ги симнете на ПОВЕЌЕ.