Најавуваме важен деловен настан - Традиционално ЈУНСКО Советување на Про агенс во Грција. Деталите на ПОВЕЌЕ.
Законот за вработување на инвалидни лица, кој ги уредува посебните услови за вработување и работење на инвалидни лица (вработени или самовработени) и условите за основање и погодностите за работење на трговското друштво за вработување на инвалидни лица - заштитно друштво, е изменет и дополнет во „Службен весник на РМ“ бр. 99 од 29 мај 2018 година со примена на измените од 6 јуни 2018 година. Пречистен текст на Законот и кратка информација за измените побарај на ПОВЕЌЕ.
Законот за пријавување и евиденција на обврски е целосно нов законски пропис насочен кон воспоставување на централизиран електронски систем за следење на начинот на располагање со јавни средства од страна на јавните субјекти, преку пријавување и евидентирање на сите преземени, недоспеани, доспеани и неплатени обврски. Коментар на Законот и ЛИНК до новиот е-сервис за пријавување на обврските за субјектите од јавниот сектор побарај на ПОВЕЌЕ.
Рокот за задолжителна котација на АД кои не котираат на берза е продолжен за 2 години. За деталите види на ПОВЕЌЕ.
Најновиот број на Проагенсовото КПУ списание - април 2018 година може да го симнете на ПОВЕЌЕ
После добиена согласност од Министерството за финансии, Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) ја објави Годишната Програма за КПУ за 2018 година. Деталите побарајте ги на ПОВЕЌЕ.
Целосен коментар на Нацрт-Законот за јавните набавки може да симнете на ПОВЕЌЕ.
„Сезоната“ на исплата на дивиденда започна. Во два посебни текстови ги елаборираме актуелните законски решенија за условите на исплата на дивиденда, можните извори и карактеристични форми на исплата, даночниот третман на дивидендата исплатена на физички и правни (домашни и странски) лица, сметководствената едвиденција на дивидендата (парична и акциска), како и можноста за исплата на авансна дивиденда во текот на деловната година. Деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ.
Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) донесе нов Тарифник за висината на годишната членарина. Детали побарајте на ПОВЕЌЕ.