Управување со отпад: Од 1 декември 2021 година – Забрани за кеси од пластични маси и пластични пакувања

Со новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување („Службен весник на РСМ“, бр. 215/21) повторно се актуелизира борбата за заштита на животната средина преку намалување на создавање на отпад од кеси изработени од пластични маси и пластични пакувања. За таа цел се воведуваат нови ограничувања и обврски за трговците, но и угостителите, во рамки на запазување на јавниот интерес во управувањето со отпадот. Новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување и други детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Уставниот суд го укина приоритетното право на намирување во стечајна постапка на Фондот за осигурување на депозити

Уставниот суд го укина приоритетното право на намирување во стечајна постапка на Фондот за осигурување на депозити. Коментар на Одлуката на Уставниот сду со која се укинува членот 163 став 3 од Законот за банките и самата Одлука побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Барањата за финансиска поддршка (14.500) за месец јуни 2020 се поставени на системот е-даноци и е-пдд и се поднесуваат до 7 јули 2020 година

Барањата за финансиска поддршка (14.500) за месец јуни 2020 се поставени на системот е-даноци и е-пдд и се поднесуваат до 7 јули 2020 година. Целосна информација, коментари и пречистен текст на уредбата побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Покрената постапка за оцена на уставноста на Уредбата за исплата по основ на договор на дело

Покрената постапка за оцена на уставноста на Уредбата за исплата по основ на договор на дело. Коментар и детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Измени на Уредбата на Законот за извршување

Со Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примената на Законот за извршување за време на вонредната состојба („Службен весник на РСМ, бр. 103/2020 од 16.04.2020 година) се извршени прецизирања на: предметите, примањата и постапките за извршување. Детали побарајте на ПОВЕЌЕ.

Share
Прописи

Прегледот (Регистар) на најважните Прописи (со наведување на Службениот весник во кој се објавени) може да го симнат привилигираните корисници со кликнување на ПОВЕЌЕ.

Share
Пречистени текстови на важни закони – јануари 2019

За Вас подготвивме пречистени текстови на неколку важни прописи кои имаа измени и дополнувања во месец декември 2019-та година: Закон за трговските друштва, Закон за ПИО, Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување, Закон за данокот на добивка, Закон за данокот на личен доход. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Нов Предлог Закон за јавните набавки – 1 април 2019

Новиот Предлог Закон за јавните набавки, е втора точка на дневен ред на 66-тата Собраниската седница закажана за 26.11.2018 година. Според преодните одредби, Законот би влегол во сила на 1 април 2018 година. Предлог Законот за јавните набавки може да го симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Измени во Известувањата за состојбата и промените на капиталот и обврските

Во Службен весник на РМ број 185/17, со примена од 1 јануари 2018 годинам, објавени се измени и дополнувања на: 1) Упатство за начинот на известување за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на ВЛОЖУВАЊА ОД СТРАНСТВО („Службен весник на РМ“, бр. 108/14 и 200/16) и 2) Упатство за начинот на известување за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на ВЛОЖУВАЊА ВО СТРАНСТВО („Службен весник на РМ“, бр. 108/14 и 200/16). Упатствата се однесуваат на известувањето за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на вложувањата во / од странство (Обрасци ВС 11 и ВС 22). Информации побарајте на ПОВЕЌЕ.

Share
Најава за измени во Законот за сметководството за буџетите

Заради обезбедување на поголема транспарентност во работењето на буџетите и буџетските корисници, односно за информирање на јавноста за состојбата на средствата, обврските, изворите на средствата, за остварените приходи и реализираните расходи на овие институции, се предлага буџетите и буџетските корисници завршните сметки да ги објавуваат на својата веб страница во рок од 15 дена од доставувањето на истите до Регистарот на годишните сметки при Централниот регистар на Република Македонија.

Share