УЈП ќе издава опомени за неплатен данок и присилно ќе наплатува после 30 јуни 2020 година

За време на траењето на вонредната состојба како и по престанокот, до 30 јуни 2020 година УЈП: НЕМА да издава опомена за плаќање на данок и НЕМА да отпочнува постапка на присилна наплата. Со најновото дополнување на Уредбата на Законот аз даночна постапка се пропишува дека УЈП нема да издава опомена за плаќање на данок и нема да отпочнува постапка на присилна наплата за време на траењето на вонредната состојба како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 30 јуни 2020 година и тоа за: даночен долг кој е доспеан, а неплатен, и за кој не се отпочнати постапки на присилна наплата; даночен долг по сите основи кој ќе доспее во месеците мај и јуни 2020 година и судски такси и парични казни, односно глоби и трошоци изречени во парнични, прекршочни, кривични и управни постапки во корист на Република Северна Македонија, а кои ги наплатува Управата за јавни приходи, кои се доспеани, а неплатени, и за кои не е отпочната постапка на присилна наплата. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Намалената каматна стапка на даночен долг од 0,015% на ден со лимитирана примена до 60 дена после вонредната состојба

Намалена камата на даночен долг од 0,015% на ден со лимитирана примена до 60 дена после вонредната состојба. Детали и прописи побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Македонија ратификуваше Мултинационална конвенција за оневозможување на даночна евазија

Во „Сл. весник на РСМ“, бр. 191/19 објавен е Закон за ратификација на Конвенцијата за заемна административна помош за даночни прашања, изменета со протоколот од 2010 година. Конвенцијата не уредува даночен систем ниту даночна политика на земјата потписничка. Водењето на даночната политика и уредувањето на даночниот систем е автономно право на земја потписничка на конвенцијата. Со прифаќањето на Конвенцијата даночниот систем на РС Македонија останува непроменет, и уреден според националните даночни регулативи. Конвенцијата создава услови земјите потписнички (членки на Советот на Европа и членки на OECD) да ја зголемат соработката меѓу даночните власти заради оневозможување на избегувањето на плаќање данок и други форми на даночна евазија. Конвенцијата и детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Пренасочување на погрешно извршена уплата

Даночниот обврзник може да поднесе барање за пренасочување до УЈП, доколку данокот или споредната даночна давачка, кој бил должен да ги плати, наместо на соодветната уплатна сметка за тој вид на данок/споредна даночна давачка, ги уплатил на друга (погрешна) уплатна сметка. Детали за процедурата побарајте на ПОВЕЌЕ.

Share
Закон за даночна постапка

Пречистениот текст на Законот за даночната постапка може да го симнат привилигираните корисници со кликнување на повеќе

Share