Информација за новата ДДВ пријава ДДВ-04 побарај на ПОВЕЌЕ.

Споредбен Преглед на производи со ограничена трговска маржа и производи ослободени од ДДВ со право на одбивка на влезно ДДВ побарај на ПОВЕЌЕ.

Детални Коментари на измените на Законот за ДДВ и ограничувањето на трговските маржи побарај на ПОВЕЌЕ.

Коментар на измените на Законот за ДДВ и Законот за акцизи и нивните пратечки Одлуки во функција на укинувањето на ДДВ за некои производи за човечка исхрана, односно намалување на ДДВ за енергентите, вклучувајќи и пречистени текстови на Законот за ДДВ и Законот за акцизите побарај на ПОВЕЌЕ.

ДВА важни предлог закони во собраниска процедура: Законот за ДДВ и Закон за акцизите побарај на ПОВЕЌЕ.

Најновите предлог измени на Законот за ДДВ во собраниска процедура. Про Агенс изготви пречистен текст на Законот за ДДВ со вклучување на предлог измените од февруари 2022 година. Пречистениот текст на Законот за ДДВ (со вклучениот предлог) и други детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Новата Одлука за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност (Одлука 5% ДДВ) Службен весник, бр. 293/2021 се применува од 1 јануари 2022 година. Одлуката побарај на ПОВЕЌЕ.

Дополнета Одлуката за прометот на добра и услуги на кои сe применува Reverse Charge со изградба на топловоди и топловодни системи со дистрибутивна мрежа. Дополнетата Одлука и пречистен текст на Одлуката побарај на ПОВЕЌЕ.

Со измената и дополнувањето на Законот за ДДВ (163/21) се пропиша намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% за прометот и увозот на електричната енергија за домаќинствата за период од 16.07.2021 (ден на влегување во сила на законот) до 30 јуни 2022 година, како и идно оданочување на истиот промет со даночна стапка од 10% за периодот од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година. По истекот на наведените периоди на примена на повластената стапка од 5% и 10%, од 1 јули 2023 година, прометот и увозот на електричната енергија за домаќинствата, повторно ќе се оданочува со 18% ДДВ. Останатите потрошувачи (деловните субјекти) немаат повластувања, односно поскапувањето на енергијата ќе ги товари нивните трошоци, со тоа што за оние кои не се ДДВ обврзници или немаат право на одбивка на ДДВ, поскапувањето додатно се одразува преку пресметаните 18% ДДВ на повисока основица.

ДВЕ годишно транзициско намалување на стапката на ДДВ на прометот на струја за домаќинствата. Јунскиот предлог текст на Законот за ДДВ и пречистенио текст побарајте ги на ПОВЕЌЕ.