Задржан данок: Потврди за резидентен стауст за 2022 година за Facebook (Meta) и Google побарај на ПОВЕЌЕ.

Обврската за домашните исплатувачи на оданочиви приходи (кои се предмет на оданочување со задржан данок) на странски правни лица да ја известуваат Управата за јавни приходи - УЈП на годишно ниво, до 15 февруари 2021 година за 2020 година, со поднесување на „Извештај за уплатениот данок по задршка“ (образец „ДД-И“), за износот на данокот што го задржале и уплатиле при исплатата на приходот е пропишана со Законот за данокот на добивка. Детали побарај во текстот на ПОВЕЌЕ.

Потврди за резидентен стауст за 2021 година за Facebook и Google побарај на ПОВЕЌЕ.

За новиот даночен третман од 1 јануари 2019-та година на остварениот доход од авторски права на физички лица според Законот за данокот на личен доход и за задржаниот данок на исплатени авторски приходи на странски правни лица прочитај на ПОВЕЌЕ.

Во „Службен весник на РМ“, бр. 36 од 26 февруари 2018 година е објавен нов Закон за ратификација на Договорот меѓу Македонската Влада и Израелската Влада за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Ви обрнуваме внимание на исплатите кон СТРАНСКИ ПРАВНИ ЛИЦА по основ на рекламирање на facebook, google, amazon,.... Имено овие исплати направени со компаниски платежни картички (или исплатени на друг начин од средства на македонска компанија) се ОДАНОЧИВИ ако не се спроведат пропишаните процедури пред УЈП. Деталите побарајте ги на ПОВЕЌЕ.

Прегледот на земји со кои Р. Македонија има склучено договори за одбегнување на двојното оданочување може да го симнеш на ПОВЕЌЕ. Прегледот на земји и даночни стапки уредени со договорите за одбегнување на двојното оданочување по одделни видови на приходи може да го симнеш на ПОВЕЌЕ.

Од 2018 година започнува примената на Договорот за одбегнување на двојно оданочување со Белгија

30 септември е краен рок за исплата на одобрена дивиденда. Донесената Одлука за исплата на дивиденда создава обврска за друштвото да ја исплати. Според членот 185 став 3 од ЗТД, содружникот станува доверител на друштвото до висината на износот на одобрената, но неисплатена дивиденда. Одлуката претставува правен основ во кој е искажана волјата на сопствениците на капиталот по однос на употребата на дел од добивката за дивиденда. Од неа произлегува обврска за друштвото истата да ја исплати, а право на сопственикот на капиталот да ја побарува. Деталите (и пример на Одлука) побарај ги во целосниот текст на ПОВЕЌЕ.

Прегледот на даночни стапки по одделни видови приходи може да го симнат привилигираните корисници со кликнување на повеќе