До 31 март 2019 – Последен рок за поднесување до УЈП на ДД-01-Барање за пренесување на искажаната загуба

Искажаната Даночна загуба (Негативна даночна основа утврдена како разлика меѓу повисокиот износ на Загуба од Билансот на успех и помалиот износ на Оданочиви расходи од Даночниот биланс) може да се пренесе на товар на добивката (читај: на товар на даночната основа) во идните пресметковни (даночни) периоди најмногу до ТРИ години сметано од годината во која е искажана загубата. Пренесувањето на даночната загуба се врши врз основа на претходно одобрување од УЈП. Потсетуваме дека 31 март 2019 година е последен рок за поднесување на Барање за пренесување на искажана даночна загуба за 2018-та година до УЈП на образец „ДД-01“. За деталите прочитај на ПОВЕЌЕ.

Share
Пресметување на аконтации на данокот на добивка за 2019-та година

Од 2019-та година, непрофитните организаци (здруженија на граѓани, фондации, сојузи, секој организационен облик на странска организација, како и друга форма на здружување) регистрирани според Законот за здруженија и фондации (ЗЗФ) ПОВЕЌЕ НЕ СЕ ОБВРЗНИЦИ НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА и НЕ ПЛАЌААТ месечни даночни аконтации. Претходното НЕ се однесува на регулаторните тела кои се основани (регистрирани) согласно со посебни закони: АСО, МАПАС, КХВ, Агенции, ИСОС, Заедници на сопственици на станови, Совети, ... итн. Аконтации на данокот на добивказа 2019-та година плаќаат даночните обврзници што поднеле Даночен биланс за 2018-та година, со исклучок на непрофитните организации регистрирани согласно со ЗЗФ. Текст за пресметување на аконтациите на данокот на добивка за 2019-та година и Алатка за пресметување на месечната аконтација на данокот на добивка за 2019 година може да симнете на ПОВЕЌЕ

Share
Непрофитните организаци регистрирани според ЗЗФ, од 2019-та година НЕ СЕ ОБВРЗНИЦИ НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА и НЕ ПЛАЌААТ месечни даночни аконтации

Од 2019-та година, здруженијата на граѓани, фондациите, сојузите, како и секој организационен облик на странска организација, како и друга форма на здружување, регистрирани согласно со Законот за здруженија и фондации, НЕ се обврзници за данок на добивка. Овие субјекти од 2019-та година НЕ плаќаат ниту МЕСЕЧНИ ДАНОЧНИ АКОНТАЦИ. Детали за овие важни даночни новини побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Предлог Законот за вршење на сметководствени работи на 18-ти февруари 2019-та на ПРВО читање во Собранието на РМ

Предлог Законот за вршење на сметководствени работи на 18-ти февруари 2019-та година на ПРВО читање во Собранието на РМ. Заедно со Законот за ВрСмР на истата седница е и Предлог Законот за ревизијата во прво читање. Измената на Законот за ревизијата е линкувана со новите решенија во Законот за ВрСмР. Линкови до законите побарајте на ПОВЕЌЕ. 

Share
Можности за стекнување статус СМЕТКОВОДИТЕЛ / ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ во 2019-та година – БЕЗ ПОЛАГАЊЕ

Можности за стекнување статус СМЕТКОВОДИТЕЛ / ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ во 2019-та година - БЕЗ ПОЛАГАЊЕ. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Нацрт на НОВ активен модел на спроведување на КПУ обуките

Нацрт на НОВ активен модел на спроведување на КПУ обуки за 2019-та година и од 2020 година натаму. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Министерството за финансии го објави новиот НАЦРТ Закон за вршење на сметководствени работи

Министерството за финансии го објави НАЦРТОТ на НОВИОТ Закон за вршење на сметководствени работи. Текстот на Нацрт Законот можете да го симнете на ПОВЕЌЕ:

Share
Допис на ЦРМ до ИСОС во врска со Потврдите

Детали за допис на ЦРМ до ИСОС во врска со Потврдите побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Македонија од 4 декември 2018 година премина во ВТОРАТА фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ

Министерството за надворешни работи објави во „Службен весник на РМ“ број 17 од 25 јануари 2019 година дека Одлуката за ПРЕМИН ВО ВТОРА ФАЗА НА АСОЦИЈАЦИЈА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ЕВРОПСКАТА ЗАЕДНИЦА И НЕЈЗИНИТЕ ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ, согласно со членот 5 (3) од СПОГОДБАТА ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА И АСОЦИЈАЦИЈА склучена меѓу Европските заедници и нејзините земји - членки од една страна и Република Македонија од друга страна, донесена од страна на Советот за стабилизација и асоцијација со размена на писма на 10.7.2018 година и 26.11.2018 година во Брисел, е ВЛЕЗЕНА ВО СИЛА НА 4 ДЕКЕМВРИ 2018 ГОДИНА. Детали и линк до инфо на Министерството за финансии побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Соопштение на ЦРМ за бришење на субјекти

Соопштение на Централниот регистар на Република Македонија за отпочнување на постапка за бришење на трговски друштва и трговци поединци согласно со член 552 а, во врска со член 552-б од Законот за трговски друштва - 30.01.2019 година. Детали и список на фирмипобарај на ПОВЕЌЕ.

Share