Повик на УЈП за навремена регистрација на граѓаните на системот за Е-ПДД

Од 1 јануари 2019 година Управата за јавни приходи ќе изготвува пополнета Годишна даночна пријава за сите граѓани - физички лица кои оствариле приходи во текот на 2018 година. Пополнетата Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП), Управата за јавни приходи ја доставува до граѓаните најдоцна до 30 април 2019 година преку системот e-pdd.ujp.gov.mk. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Обврски за трговците на зелени пазари-барање, регистар, легитимации, прописи …

Обврски за трговците на зелени пазари-барање, регистар, легитимации, прописи .... Инфо детали и Прописи побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Дисциплинска одговорност на административните службеници

Темата на текстот е дисциплинската одговорност на административните службеници, појавни форми на истата, видови на дисциплински мерки, постапката за утврдување на дисциплинска одговорност и изрекување на дисциплински мерки, правна заштита на административниот службеник, суспензија и други аспекти од значење за утврдување на дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор кои вршат административни работи. Текстот побарај го на ПОВЕЌЕ.

Share
Понеделник (3 септември 2018) е платен одмор за родителите кои имаат ПРВАЧЕ и работат во ЈАВНИОТ СЕКТОР

Понеделник (3 септември 2018) е платен одмор за родителите кои имаат ПРВАЧЕ и работат во ЈАВНИОТ СЕКТОР. За правниот основ и деталите побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Обврска за задолжителна обука на работник за гасење пожар, односно за давање на прва помош

За обврската за задолжителна обука на работник за гасење пожар, односно за давање на прва помош побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Коментар и пречистен текст на ЗРО со вклучени НАЈНОВИ измени (јуни 2018)

По донесувањето на најновите измени и дополнување на Законот за работни односи од месец ЈУНИ 2018 година (Сл. весник 120/18), изготвивме пречистен текст на ЗРО во кој се вклучени измените. Пречистениот текст на Законот и Коментар на измените симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Нов Закон за работното време на мобилните работници (возачи и др.) во патниот сообраќај

Од 7 август 2018 година влезе во сила новиот Закон за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај. Коментар на Законот и самиот Закон побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Измени во Царинскиот закон

Во Царинскиот закон е направена уште една измена и дополнување, четиринаесетта по ред, која е објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 144 од 03.08.2018 година, а влегува во сила од 11 август 2018 година. Деталите побарајте ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Нацрт текст на НОВ Закон за акцизи

Нацрт текст на НОВ Закон за акцизи; Неколку информации од нацрт текстот на Законот за акцизи: Во новиот Предлог Закон за акцизите патничките автомобили не се предмет на оданочување; Со новиот Закон за акцизи, малите дестилерии ќе плаќаат 50% од полната акциза по литар алкохол, а земјоделците мали производители – 8,5% од полната акциза по литар алкохол. Кај големите производители на алкохол акцизата останува иста; Со новиот Закон за акцизи се овозможуваат увоз и пуштање во промет на нови тутунски производи, како несогорливиот тутун, кои граѓаните не можеа да ги набават во нашата земја, па ги набавуваа од странство; Се предвидува акцизата за тутунските производи и алкохолните пијалаци да се плаќа со пуштање во промет на производот. Досега акцизата се плаќаше однапред, со подигањето на акцизните марки; Заради следење на увозот и извозот на струјата, природниот гас, јагленот, коксот и лигнитот, овие производи стануваат акцизни добра со новиот закон, со тоа што нивната акциза се одредува на 0%. Нема да има промени во цената на овие производи поради новиот Закон за акцизи. Нацрт Законот за акцизите и детали за процесот може да побарате на ПОВЕЌЕ.

Share
Матична евиденција на индивидуалните земјоделци како пензиски осигуреници

Измени во матичната евиденција на индивидуалните земјоделци како пензиски осигуреници од 1 август 2018 година. Детали побарајте на ПОВЕЌЕ.

Share