Детали за правилата (целосен текст, одлуки, мислење на ОРМ) за исплата на регресот за годишен одмор и новогодишниот надоместок за 2021 година побарај на ПОВЕЌЕ.

Детален текст за Регресот за годишен одмор (посебности за здравствените организации, непрофитните субјекти и здруженија, даночен третман и примери на акти), и за Новогодишниот надомест побарај во текстот на ПОВЕЌЕ.

Податоците за пресметка на платите за 2020 година побарајте ги на ПОВЕЌЕ.

Објавено ПОНИШТУВАЊЕТО на Уредбата за паушали и надоместоци на членови на одбори. Детали и Одлуката на Уставен суд побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Можни проблеми со енкрипцијата на МПИН фајлот за плата. Решенијата побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Во е-даноци на УЈП (www.ujp.gov.mk) поставен e НОВИОТ Oбразец БФП-ИП за добивање на финансиска поддршка од 14.500 денари месечно по вработен за платите за месец април и мај 2020 година. Барањето за финансиска поддршка на работодавач заради исплатата на платите за месеците април и мај 2020 година (образец БФП-ИП) e поставено во системот е-даноци (e-даноци) на УЈП во делот: Поднесоци / Дополнителни услуги / Придонеси / БФП-ИП. Образецот БФП-ИП треба да се пополни најдоцна до 7-ми мај 2020 година (четврток) за добивање на финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен за платата за месец април 2020 година. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Новата Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот covid-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година е објавена во „Службен весник на РСМ“, бр. 111/2020 од 28 април 2020 година. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Во „Службен весник на РСМ“, бр. 88 од 03.04.2020 година објавена е Уредба со законска сила за примена на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија за време на вонредна состојба. Со оваа владина Уредба, висината на минималната нето плата за месеците АПРИЛ, МАЈ и ЈУНИ 2020 година останува НЕПРОМЕНЕТА и изнесува 14.500 денари. Потсетуваме дека во „Службен весник на РСМ“ бр. 75/20, Министерството за труд и социјална политика го објави новиот износ на минимална плата кој требаше да се применува во периодот: април 2020 - март 2021 година, и кој требаше да изнесува 14.934 денари (21.776 денари бруто плата). Детали и прописи побарај на ПОВЕЌЕ.

Во „Службен весник на РСМ“, бр. 239/19, од 19.11.2019 година се објавени измени и дополнувања на Законот за минимална плата. Измените влегуваат во сила на 19.11.2019 година. Согласно со ово Закон, висината на минималната плата изнесува 14.500 денари во нето износ, започнувајќи со исплатата на платата за месец декември 2019 година заклучно со исплатата на платата за месец март 2020 година. Детали и линкови до ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ за Законот за минимална плата побарај на ПОВЕЌЕ.

Алатки за пресметување на данокот на доход (од НЕТО и БРУТО износи) од 2019-та година, Алатки за пресметување на бруто и нето платата за 2019 година (со посебни верзии на англиски), со лимитирање на најниската и највисоката основица за пресметување на придонесите ПЛУС Преглед на пресметаните стапки кои се применуваат на нето исплатите, процентот на одбивка (нормирани трошоци) и гранични изнoси за примена на даночна прогресија. Алатките и Прегледот симнете ги на ПОВЕЌЕ.