Во „Службен весник на РСМ“, бр. 50/19 од 5 март 2019 година се објавени промените на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство (во сила од 13. март 2019 година). Со промените се пропишани нови основи за слободно отворање и имање на сметка во странска банка од страна на македонски резиденти, за кои претходно беше потребно одобрение од Народната банка на РСМ). Текст со детали на предметната тема побарајте во текстот на ПОВЕЌЕ.
Од април 2019-та година, минималната бруто плата ќе се зголеми за 3,3% и ќе изнесува 17.943 денари
Во кратки и концизни текстови се осврнуваме на неколку дилеми од работните односи: Mожност за трансформирање на договорот за вработување од определено на неопределено време, Можност за откажување на договорот за вработување со приправник, Можно порамнување (компензирање) на исплаќањето на плата, Момент на започнување на течење на отказен рок, Паричен надоместок наместо отказен рок, Застарување на парични побарувања од работен однос, Казнени мерки за затекнување на непријавени работници, Детали побарајте на ПОВЕЌЕ.
Со предлог измени и дополнувања на Законот за регистрирање на готовински плаќања (поминат во прво читање во Собранието) а заради намалување на фискалната евазија, се санкционира несоодветното користење на фискалниот систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања во поглед на преобемно издавање на сторни сметки и нерегистрирање на остварениот промет. Во линкуваниот текст на ПОВЕЌЕ може да го прочитате коментарот на предложените законски измени.
Од 04.12.2018 година се либерализираат капиталните трансакции - ВЛОЖУВАЊЕ ВО ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ И НЕДВИЖНОСТИ ВО СТРАНСТВО. Деталите побарајте ги во текстот на ПОВЕЌЕ.
На 14 март 2019 година Собранието ќе се произнесе по Барање за давање на АВТЕНТИЧНО ТОЛКУВААЊЕ на член 14, став 3 точка 1 и точка 5 од Законот за данокот на додадена вредност поврзано со тнр. повикувачките услуги (call центри), што домашни даночни обврзници ги даваат за корисници во странство. Владиното Мислење испратено до Собранието може да го симнете на ПОВЕЌЕ.
За денес, 1-ви март 2019-та година во кратка форма презентираме одговори на три најчесто поставувани прашања до тимот на Про Агенс: Премии на осигурување, Помош при лекување и Надомест за органи на управување
Комисијата за финансирање и буџет на Собранието за 7 март (четврток) со почеток во 11 часот, закажа Јавна расправа за Предлог Законот за вршење на сметководствени работи (седница бр. 47). Детали побарајте на ПОВЕЌЕ.
Даночната основа за пресметување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност е финансискиот резултат утврден во Билансот на приходи и расходи (Образец „Б“), корегиран за непризнаените расходи за даночни цели во Годишниот даночен биланс (Образец „ПДД-ДБ“). Месечната аконтација на данок на доход за самостојна дејност се плаќа во износ од една дванаесеттина од пресметаниот данок во годишниот даночен биланс, за претходната година т.е. во износ од 1/12 од износот внесен на реден број VII. Пресметан данок (АОП 26) на образецот „ПДД-ДБ“. Пресметувањето на данокот на доход од вршење на самостојна дејност, пресметувањето на придонесите и подигање на „добивката“ се тема на текстот кој може да го симнете на ПОВЕЌЕ.
Со последните измени на Законот за јавните претпријатија (35.19) воведена е функцијата заменик директор во сите јавните претпријатија. Линк до пречистениот текст на Законот за јавните претпријатија на ПОВЕЌЕ.