Уплатна сметка за плаќање на данокот на личен доход за 2019 година (за плаќање на евентуалните разлики од ГДП)

Доплатата на евентуалната разлика на данокот по Годишната Даночна Пријава за 2019 година се врши до 30 јуни 2020 година. За доплатата УЈП НЕМА да изготви и достави посебно Решение, ниту пак ќе достави Налог за плаќање. Ако е извршена КОРЕКЦИЈА на Годишната Даночна Пријава, во тој случај УЈП ќе изготви и ќе достави Решение за утврдување на данокот во Годишната Даночна Пријава за 2019-та година во рок од 60 дена. Уплатната сметка и други детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
УЈП ќе издава опомени за неплатен данок и присилно ќе наплатува после 30 јуни 2020 година

За време на траењето на вонредната состојба како и по престанокот, до 30 јуни 2020 година УЈП: НЕМА да издава опомена за плаќање на данок и НЕМА да отпочнува постапка на присилна наплата. Со најновото дополнување на Уредбата на Законот аз даночна постапка се пропишува дека УЈП нема да издава опомена за плаќање на данок и нема да отпочнува постапка на присилна наплата за време на траењето на вонредната состојба како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 30 јуни 2020 година и тоа за: даночен долг кој е доспеан, а неплатен, и за кој не се отпочнати постапки на присилна наплата; даночен долг по сите основи кој ќе доспее во месеците мај и јуни 2020 година и судски такси и парични казни, односно глоби и трошоци изречени во парнични, прекршочни, кривични и управни постапки во корист на Република Северна Македонија, а кои ги наплатува Управата за јавни приходи, кои се доспеани, а неплатени, и за кои не е отпочната постапка на присилна наплата. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Ваучери за туризам за работници со низок доход

Вработени лица со низок доход се државјани на РС Македонија кои се во работен однос и кои за периодот јануари-април 2020 година оствариле доход само по основ на плата и надоместоци на плата во нето износ не поголем од 60.000 денари на ниво на полно работно време, согласно со евиденцијата на Управата за јавни приходи. Ваквата дефиниција на категоријата вработени лица со низок доход ги опфаќа работниците кои примале најмногу 15.000 денари месечно за периодот јануари-април 2020 година во форма на плата односно надомест на плата (боледување). Се разбира во игра се и разни варијациии во форма на помали и/или поголеми месечни износи, но под услов збирот на примањата од плата и надомест на плата на работник за првите четири месеци од 2020 година да не надмине 60.000 денари. Ваучерот за туризам е вредносен ваучер со номинална вредност од 6.000 денари издаден од Министерството за економија. Се користи за добивање на туристички и угостителски услуги за: сместување или сместување и исхрана во категоризирани угостителски објекти преку даватели на туристички услуги. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
ДДВ: Издавање на е-фактури и ослободување за донација на буџетски корисник

Со УРЕДБАТА на Законот за ДДВ се уредува: формата на олеснето издавање и пренос на фактури во електронска форма, за време на вонредната состојба; ослободувањето од данокот на додадена вредност на прометот на добра и услуги кои како донација се дадени на буџетски корисник односно прометот остварен со донирани финансиски средства кон буџетски корисник, кој се однесува за справување со Коронавирусот Covid-19, за време на вонредната состојба и одложените рокови за поднесување на даночната пријава за данокот на додадена вредност како и рокот за плаќање на ДДВ, за месеците февруари и март и за тромесечието јануари-март до 30 април, а за месец април - до 31 мај 2020 година. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Поништена Уредбата за висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор (139.2020)

ПОНИШТЕНА Уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на РСМ“ број 139 од 28 мај 2020 година, со правно дејство од денот на објавувањето). Детали, коменатар и Одлука на Уставниот суд побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Паричен надоместок за лица на кои работниот однос им престанал со спогодба, отказ од страна на работникот и оказ од страна на работодавачот

Со Уредба за примена на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност за време на вонредна состојба, објавена во „Службен весник на РСМ“, бр. 136 од 27 мај 2020 година, се утврдува можност невработеното лице на кое работниот однос му престанал во периодот од 11 март 2020 година до 30 април 2020 година, независно од времето поминато во работен однос, со: давање на писмена изјава од страна на работникот, спогодбено престанување на работниот однос или со отказ од страна на работодавачот. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Уставен суд: Поништена Уредбата за исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор

Уставниот суд на РСМ со Одлуката  У.бр. 49/2019 од 12 мај 2020 година, ги: ПОНИШТИ Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на РСМ“ бр. 94/2020) и сите дополнувања на истата. Коментар и Одлуката на Уставниот суд побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Финансиска поддршка на граѓани за купување домашни производи и услуги преку домашна платежна картичка

Со Уредба утврдена финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба. Категориите на граѓани кои ќе добијат финансиска поддршка преку домашна платежна картичка и Уредбата побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Рокот за поднесување на ДДВ пријавата (ДДВ-04) и за плаќање на ДДВ за април 2020 година е 31 мај 2020 година (односно, понеделник, 1 јуни 2020 година)

Рокот за ПОДНЕСУВАЊЕ на ДДВ пријавата (ДДВ-04) и за ПЛАЌАЊЕ на ДДВ за месец АПРИЛ 2020 е одложен до 31 мај 2020 година, односно 1 јуни 2020 година (понеделник). Детали и пречистен текст на Уредбата побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Продолжено важењето на Уредбата за примена на Законот за заштита на подрошувачите при договори за потрошувачки кредити

Продолжено важењето на Уредбата за примена на Законот за заштита на подрошувачите при договори за потрошувачки кредити. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share