Oслободување од оданочување на трошоците за лабораториски тестови за Covid-19 за вработени лица

Од 7 декември 2020 година,лабораториските тестови за Covid-19 за вработени лица се ослободени од данок на личен доход; 2020 година: Трошоците за лабораториски тестови за Covid‐19 за лица вработени кај обврзникот на данокот на добивка, во износ до 9.000 денари годишно ќе имаат третман на даночно признаен расход. Детален текст на темата побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Ослободување од плаќање на аконтации на данок на личен доход на ТП и СВД за месеците ноември и декември 2020 година и јануари и февруари 2021 година

Ослободување од плаќање аконтации на данок на добивка за месеците ноември-декември 2020 година и јануари-февруари 2021 година Објавено на 08/12/2020 Со измените на Законот за данокот на личен доход (во сила од 7.12.2020 година) е пропишано право на ослободување од плаќање на аконтации на данокот од вршење на самостојна дејност за месеците ноември и декември 2020 година, како и за јануари и февруари 2021 година. За условите кои треба да ги исполнат правните лица обврзници на данок на личен доход (ТП / СВД) за да бидат ослободени од плаќање на аконтациите на данокот за овие 4 месеци и за останатите детали, вклучувајќи и пречистен текст на Законот побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Ослободување од плаќање аконтации на данок на добивка за месеците ноември-декември 2020 година и јануари-февруари 2021 година

Со измените на Законот за данокот на добивка (во сила од 7.12.2020 година) е пропишано право на ослободување од плаќање на аконтации на данок на добивка за месеците ноември и декември 2020 година, како и за јануари и февруари 2021 година. За условите кои треба да ги исполнат правните лица обврзници на данок на добивка за да бидат ослободени од плаќање на аконтациите на данокот на добивка за овие 4 месеци и за останатите детали, вклучувајќи и пречистен текст на Законот побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Државни поддршки-сметководствен и даночен третман

Заради актуелните поттикнувања на приватниот сектор од страна на државата во текстот со наслов „ДРЖАВНИ ПОДДРШКИ - СМЕТКОВОДСТВЕН И ДАНОЧЕН ТРЕТМАН“, ги третираме легислативниот, сметководствениот и даночниот третман на државните поддршки. Детали побарај на ПОВЕЌЕ. 

Share
2021 година: Вработените во буџетскиот сектор повторно ќе добиваат дневници за службено патување во земјата – Примена на Законот за извршување на буџетот на РСМ

Главната новина во предлог Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година е повторното враќање на правото/обврската за исплата на дневници за службен пат во земјата за вработените во буџетските корисници од 01.01.2021 година после повеќе од десет години (од 16.07.2010 година), во висина од 700 денари (цела дневница), односно 350 денари (половина дневница). Целосен коментар за предлог Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Нова финансиска поддршка за повеќе категории на граѓани со низок доход погодени од кризата предизвикана од пандемијата на COVID-19

Коментар на Законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. Коментарот и самиот Закон побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Собрание: Предлог измени и дополнувања на Законот за данокот на личен доход

Во Собранието на РС Македонија во тек е 22 седница на чиј дневен ред е Законот за изменување и дополнувања на Законот за данокот на личен доход. Со предлог законските промени, покрај одредени допрецизирања на законските одредби (кои нема да ги елаборираме), вклучени се повеќе новини, од кои некои ќе важат со денот на објавувањето во 2020 година, а некои од 01.01.2021 година. Во линкуваниот текст даваме подетални информации за предложените новини. Деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Најнови Предлог измени на Законот за данокот на добивка и Законот за данокот на личен доход во собраниска процедура

Најнови Предлог измени на Законот за данокот на добивка и Законот за данокот на личен доход во собраниска процеддура. Краток преглед и Предлог Законот за данокот на добивка и Законот за данокот на личен доход побарај, како и пречистени текстови на двата закони побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Измени на Законот за ДДВ (267.20)

Коментар на Измените на Законот за ДДВ и пречистен текст на Законот за ДДВ побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Предлог измени на ЗРО, Закон за административни службеници, Закон за високото образование и Законот за здравствената заштита: Престанок на работниот однос на 64 годишна возраст

Во собраниска процедура се Предлог Законот за работните односи, Предлог Законот за административни службеници, Предлог Закон за високото образование и Предлог Закон за здравствената заштита со најавените измени за  престанок на работниот однос заради задолжителепо ензионирање на 64 годишна возраст, со исклучоци уредени во посебните закони. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share