Во Службен весник на РСМ, бр. 108/2020, во сила од 24 април 2020 година објавена е Уредба со законска сила за примена на Законот за игрите на среќа и за забавните игри за време на вонредна состојба со која се уредува можноста за приредувањето на интернет игрите на среќа во казино, обложувалница и автомат клуб. Текстот на Уредбата може да го симнеш на ПОВЕЌЕ,
Tрговците на мало од 22 април 2020-та имаат обврска: да обезбедат редарска служба при влезот и во внатрешноста на објектот, за да се запази минимум потребното растојание меѓу лицата пред и во објектот; да обезбеди спроведување на дезинфекција за раце при влез во објектот; да постави соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот; да обезбеди заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените лица во објектот; вработените лица се должни заштитната опрема да ја носат за времетраење на работното време. Детали и пречистен текст на Уредбата побарај на ПОВЕЌЕ.
ПРИМЕРИ НА АКТИ ЗА ГОДИШЕН ОДМОР ВО УСЛОВИ НА КОРОНА КРИЗАТА: Согласно со Уредбата со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба: Пример на Одлука за користење на годишен одмор, Пример на План за користење на годишен одмор, Пример на Решение за користење на годишен одмор. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
23.04.2020: Дозвола за движење на вработени во компании во времетраење на ограничување на движењето заради вршење на сменска и ноќна работа, кратко инфо и урнек на Дoзвола можеда симнете на ПОВЕЌЕ.
ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ-04 ДО 30 АПРИЛ 2020 ГОДИНА.
Уште една Уредба со која Владата на РСМ им олеснува на донаторите кои го помагаат здравството и економијата во справувањето со состојбите предизвикани од коронавирусот COVID 19, е Уредбата со законска сила за примена на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности за време на вонредна состојба. Уредбата е објавена во „Службен весник на РСМ“, бр. 103/2020 и е во сила од 16.4.2020 година, а ќе се применува за време на траење на вонредната состојба. Детални упатства побарај на ПОВЕЌЕ:
Со Уредбата со законска сила за ограничување на исплатата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на РСМ“, бр. 94/2020 од 07.04.2020, и дополнување бр. 97/2020 од 09.04.2020 година) се уредува ограничувањето на исплатата на додатоци и надоместоци на плата на вработените во: органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа, институциите кои вршат дејности од областа на образованието, културата, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот и во институциите кои вршат работи од јавен интерес утврден со закон, а се организирани како агенции, фондови, регулаторни тела со јавни овластувања утврдени со закон, јавни установи и јавните претпријатија основани од РСМ или од општините, од градот Скопје и од општините во градот Скопје и акционерските друштва во целосна сопственост на државата, за време на траење на вонредната состојба. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
On-line продажбата на добра во актуелните услови станува интересна бизнис опција. За целите на достава на стоки и производи до дома компаниите фрмираат свои служби, односно користат компании специјализирани за достава. Детали на темата побарај во текстот на ПОВЕЌЕ.
Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба („Службен весник на РСМ“, бр. 82/2020) со која се пропиша олеснителен начин за издавање на фактури во електронска форма, се прошири со предвидено ослободување од ДДВ за донирани добра и услуги кои се однесуваат за справување со Коронавирусот Covid-19. Проширувањето е направено со Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба (во натамошниот текст - „Уредба“) која се објави во „Службен весник на РСМ“, бр. 102/2020 и стапи на сила од 14 април 2020 година, а предвидува: ослободување од данокот на додадена вредност на прометот на добра и услуги кои како донација се дадени на буџетски корисник, односно прометот остварен со донирани финансиски средства кон буџетски корисник, кој се однесува за справување со Коронавирусот Covid-19. Текст со Договор за донација и Потврда за примена донација и пречистен текст на Уредбата за ДДВ побарај на ПОВЕЌЕ:
Нов грански колективен договор за дел од вработените во јавниот сектор, под наслов: „Грански колективен договор за органи на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено - поправните и воспитно-поправните установи, државното правобранителство, општините, Градот Скопје и општините на Градот Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија“ (во натамошниот текст: ГКДЈС), е објавен во „Службен весник на РСМ“, бр. 51/20 од 25 февруари 2020 година, со примена од денот на објавувањето. ГКДЈС, врз основа на член 3 и член 24 од Законот за вработените во јавниот сектор, го склучија договорните партнери: Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) надлежно за вработените во областа на државната администрација, од една страна и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи, здруженија на граѓани на Република Македонија (УПОЗ). Детали побарај на ПОВЕЌЕ.