На 20-тата седница на Собранието на РСМ закажана за 29.10.2020 година на дневен ред се Законите за финансиска поддршка на компаниите погодени од Covid-19 како и други важни закони кои ја афектираат сметководствената професија. Предлог Законите побарај ги на ПОВЕЌЕ.
Поради разни деловни причини, трговските друштва и други стопански субјекти се одлучуваат за пренамена на еднаш веќе наменски класифицираните недвижнини. Така на пример, стопанствениците се одлучуваат своите недвижности користени во дејноста, да ги пренаменат за изнајмување, продажба или пак вложување во друго друштво. Често пати, недвижностите кои се изградени за цели на продажба, а продажбата не е извесна, се даваат за изнајмување. Сите детали за Сметководствениот и даночниот третман при пренамена на недвижности побарај ги на ПОВЕЌЕ.
Прегледот на празници и неработни денови во 2021 година и работни часови (1970-2021), може да ги симнете на ПОВЕЌЕ.
Викенд без ДДВ (10-12 октомври 2020): Пречистен текст на Законот и Дефинирање на „Македонски производи“ побарај на ПОВЕЌЕ.
Краток преглед на економско-социјалните мерки од Четвртиот пакет за директна помош на компаниите и граѓаните, со цел поттикнување на приватната потрошувачка и економското заживување побарај на ПОВЕЌЕ.
30 септември 2020 година е рок за поднесување на Извештајот за трансферните цени за 2019 година до Управата ја јавни приходи. Детален текст на тема: „Извештај за трансферните цени за 2019-та година - утврдување на оданочиви разлики од деловни и финансиски трансакции со поврзани лица“ и Правилникот за трансферни цени побарај ги ПОВЕЌЕ
По прогласувањето на вонредната состојба во земјата на 18 март 2020 година (со Одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба - „Служен весник на РСМ“, бр. 68 од 18 март 2020) Владата донесе низа Уредби со законска сила со кои се прилагодуваа законските одредби на новите начини на работење и однесување во услови на пандемијата од Ковид-19. Вонредната состојба траеше до 22 јуни 2020 година, вкупно 97 дена. 97 дена од укинувањето на вонредната состојба истекуваат на 27 септември 2020 година. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
За можноста за откуп на неплатениот стаж заради остварување на права од пензиско и инвалидско осигурување (текст и правилник) побарај на ПОВЕЌЕ:
За даночниот третман на трошоците поврзани со ангажманот на надворешни физички лица прочитај на ПОВЕЌЕ.