ОБНОВЕНО: Финансиска поддршка на работодавачите во износ од 14.500 денари по работник месечно

Во „Службен весник на РСМ“ број 97 од 9 април 2020 година е објавена Уредба за изменување на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Covid-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година, која влезе во сила со денот на објавување т.е. на 9 април 2020 година. Со Уредбата е изменета Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Covid-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година, објавена во „Службен весник на РСМ“ број 93 од 7 април 2020 година која влезе во сила со денот на објавување т.е. на 7 април 2020 година. Со измена на Уредбата е дадена можност мерката за финансиска поддршка да ја користат и сопствениците, управителите и членовите на УО и НО на работодавачите, корисници на финансиска поддршка. Исто така, обврската за задржување на истот (или поголем) број на работници наместо до септември 2020 година се скратува заклучно со јули 2020 година. Со Уредбата е пропишана можност за финансиска поддршка на работодавачите заради исплата на плати на работниците за износ од 14.500 денари месечно по работник за месеците април и мај 2020 година. Детали за примената на Уредбата (правила, можности, услови, евиденција, ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ НА Уредбата) со бројни примери побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Времени мерки за остварување права од здравствено осигурување во вонредни услови

Соопштение на ФЗО: Времени мерки за осигурени лица за остварување права од здравствено осигурување во услови на пандемија (здравствена заштита за лицата кои не платиле придонес, продолжување на исплатата на надоместокот за породилно боледување на товар на ФЗО, право на матичните лекари да издаваат боледување до 14 дена). Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Промена на работното време на мобилните работници

Во „Службен весник на РСМ, бр. 90 од 4.4.2020 година се објави Уредба со законска сила за примена на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај за време на вонредна состојба со која се пропишува ново дневно и неделно време на управување со возило, вкупно време на управување со возило во текот на кои било две последователни недели, паузите, дневниот и неделниот одмор, за време на траење на вонредната состојба, во однос на правилата предвидени со Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај („Службен весник на РМ“, бр. 140/18). Новото работно време на мобилните работници (тука спаѓаат: возачот, совозачот, кондуктерот и приправник на обука) кое е уредено со Уредбата, ќе важи за периодот на важење на вонредната состојба почнувајќи од 4 април 2020 година. Работно време според Законот, важеше пред Уредбата и повторно ќе важи по укинување на вонредната состојба. Детали за новото работно време, заедно со паузите и одморите на мобилните работници, според Уредбата и до сега важечкото од Законот се дадени во преглед во следната информација барај на ПОВЕЌЕ.

Share
Субвенционирање на придонесите од плата за април-јуни 2020 година

Во „Службен весник на РСМ“ број 92 од 6 април 2020 година е објавена Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба, која влезе во сила со денот на објавувањето т.е. на 6 април 2020 година. Со Уредбата се уредуваат условите, начинот и постапката на субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување. Текст со детали побарај на ПОВЕЌЕ

Share
Финансиска поддршка на СВД во износ од 14.500 денари месечно

Во „Службен весник на РСМ“ број 92 од 6 април е објавена Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот Covid-19 за време на вонредна состојба, која влезе во сила со денот на објавување т.е. на 6 април 2020 година. Со Уредбата се уредуваат условите, начинот и постапката на финансиска поддршка (14.500 денари/месечно) на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза, за месеците април и мај 2020 година. Детали за примената на Уредбата (правила, можности, услови), побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Рокови за користење на годишните одмори за 2019 и 2020 година

Со Уредбата на Законот за работните односи (90.2020 година, во сила од 04.04.2020 година) се утврдуваат рокови за користење на остатокот од годишните одмори од 2019 година, односно рокви за користење на првиот дел од годишните одмори за 2020 година. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Од 4 април 2020 година повторно се дозволува исплата на дивиденда на странски сопственици

Во „Службен весник на РСМ“, бр. 90/20 од 4.4.2020 година објавена е Уредба со законска сила со која престанува да важи Уредбата за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредната состојба („Службен весник на РСМ“, бр. 79/20 и 87/20). Со последната Уредба од 4 април 2020 година и ПРЕСТАНУВАЊЕТО НА ВАЖЕЊЕТО на иницијалната Уредба (79/20) и измената и дополнувањето на иницијалната Уредба (87/20) е укината забраната за исплата на дивиденда на странски содружници, односно на странски акционери кај сите трговски друштва и за време на траењето на вонредната состојба. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Уредба за Законот за извршување – запирање на извршувањата од 1 април до 30 јуни 2020 година

Владата донесе Уредба со законска сила за запирање на примената на Законот за извршување, со која се запира примената на Законот за извршување до 30 јуни 2020 година, освен доколку со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено. Детали и пречистен текст на Законот за извршување побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Oтказ од деловни причини и правата на работникот во случај на отказ

Во услови на драстично намалување на економската активноста на компаниите предизвикана од ширењето на корона вирусот (Covid-19), уследија и бројни откази на вработените, кои во актуелниот момент за многу субјекти се нужна мерка за намалување на трошоците на работењето и обезбедување на нивниот опстанок на пазарот. Но, не секоја форма (причина) на откажувања на договорите за вработување, резултира со стекнување на одредени материјални права на страна на работникот, во случај на невработеност. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Привремен принуден одмор (ППО) како институт на колективно договорање

Текст за Привремен принуден одмор (ППО) како институт на колективно договорање побарај на ПОВЕЌЕ.

Share