Од 1 јануари 2017 година се применува НОВА ДДВ Пријава (ДДВ-04). Единствената разлика во однос на старата пријава е отстранувањето на Периодичните финансиски извештаи од одобрените фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања во делот ПРИЛОЗИ. Функционално овие Извештаи се покриени со ГПРС конекцијата. Новиот Правилник за формата и содржината на Даночната Пријава на данокот на додадена вредност (222/16) можете да го симнете на повеќе.
Повластена даночна стапка за пелети, печки и котли на пелети Во „Службен весник на РМ“ бр. 222/16 од 28.12.2016 година објавена е Одлуката за изменување и дополнување на одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена даночна стапка на ДДВ која се однесува за примена на повластената даночна стапка за: пелети, печки на пелети и котли на пелети. Пречистениот текст на Одлуката можеш да ја симнеш на повеќе.
Со новиот Правилник за формата и содржината на Пријавата за регистрација на данокот на додадена вредност (216/2016) пропишана е НОВА Пријава за регистрација за ДДВ. Примената на Правилникот и Пријавата започнува од 1 јануари 2017 година. Детали побарај на повеќе.