Според објавата на УЈП од 9 јануари 2019 година, даночните обврзници, кои во претходната календарска година оствариле вкупен оданочлив промет од вршење на стопанска дејност повисок од 1.000.000 денари имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец: ДДВ-01) најдоцна до 15 јануари 2019 година. Во истиот рок, даночните обврзници кои оствариле промет понизок од 1.000.000 денари може доброволно да се регистрираат за целите на данокот на додадена вредност со поднесување на Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност. УЈП потсетува дека даночни обврзници за ДДВ можат да бидат сите правни и физички лица, како и здружувањата на лица кои вршат оданочив промет од извршување на стопанска дејност.
Даночен третман: 1) Поделба со издвојување, со основање на ново друштво и 2) Советување и обуки за деловни цели на врабоени лица. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Деновиве УЈП, до голем број на граѓани доставува покани барајќи документирани образложенија за правниот основ на остварените приходи пријавени во даночните пријави за 2017 годна, во износ поголем од 1 милион денари. Се работи за постапка на утврдување на оданочив промет заради кој мора да се изврши регистрација за ДДВ. Во овој праг за регистрација не влегуваат ПЛАТИТЕ, ДИВИДЕНДИТЕ,... но и некои други приходи кои се остварени од вршењето на услуги кои согласно со дефинициите во Законот за ДДВ не се оданочиви, односно чие место на промет не паѓа во земјата (на пр. сет на услуги утврдени во членот 13 став 3 од Законот за ДДВ, извршени за странски корисник, кој нема регистрирано фирма/подружница во МКД).... Во продолжение презентираме одговор на УЈП на прашање за даночниот третман на софтверско решение за нарачател од странство. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Повластената даночна стапка (5%) за оданочување на прометот на станови и станбени згради продолжува да се применува до крајот на 2023-та година. Продолжувањето е уредено со измена на Законот за ДДВ објавена во Сл. весник 198/2018.
Барања за Автентични толкувања на Законите за ДДВ, за работни односи и за трговски друштва. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Примателите на промет во рамките на проект регистриран во СЕП и УЈП имаат обврска да водат ЕВИДЕНЦИЈА за примените сериски фактури со даночно ослободување за проект. За деталите види на ПОВЕЌЕ.
Градежништвото во Македонија, во последните неколку години зема особено голем замав и тоа во најразлични форми на сопствено и договорно градежно производство. Различните форми продуцираат и различен дсночен промет, односно завршуваат како промет на добра или како извршена услуга. Во меѓувреме и сметководственото евидентирање на деловните трансакции во градежништвото добива посебни пишани правила. Сметководствените стандарди ја оформуваат сметководствената регулатива на која почиваат евиденциите во градежништвото. За сметководствените и даночните третмани на трансакциите поврзани со градежништвото побарај на ПОВЕЌЕ.
УЈП повторно ја враќа „во игра“ ДДВ евиденциите. Евиденцијата на излезните фактури за оданочив промет и долгуван данок согласно член 52 од ЗДДВ, поделена на два дела и тоа: а) Излезен промет во земјата и б) Излезен промет - Извоз; Евиденција на влезните фактури со претходен данок кој може да се одбие и на исправките на даночната основа и на одбитоците на претходниот данок, за соодветниот даночен период, поделена на два дела и тоа: а) Влезен промет од земјата и б) Влезен промет – Увоз. Даночните обврзници кои немаат доставено Табеларен преглед – ДДВ евиденција почнувајќи од 01.01.2017 година, потребно е да достават во најкус можен рок вели УЈП. За деталите види на ПОВЕЌЕ
За нормативните аспекти, за дилемите и нелогичностите во врска ДДВ регистрацијата и оданочувањето на граѓаните прочитајте на ПОВЕЌЕ.
Информација на УЈП: Евиденциите на влезни/излезни фактури како прилог на ДДВ-04 пријавата НЕ ТРЕБА да се доставуваат