Во „Службен весник на РСМ“, бр. 124/19 е објавена најнова измена и дополнување на Законот за ДДВ. Текстот на Законот за ИД на Законот за ДДВ и ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ на Законот за ДДВ со вклучени последни измени и дополнувања може да симнете на ПОВЕЌЕ.
Измени на Правилникот за спроведување на Законот за ДДВ во врска со доказите за извршен извоз. Со почетокот на имплементација на дигиталниот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) кој стартуваше од 1 јуни 2019 година, извршена е измена на Правилникот за спроведување на Законот за ДДВ.
Коментар на последните новини во однос на регистрацијата за ДДВ (98,19) и пречистен текст на Законот за ДДВ на ПОВЕЌЕ.
Апел на УЈП за доставување на ДДВ-пријавите пред 25-ти април 2019-та година. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Најновата Брошура издадена од УЈП (март 2019-та година), со наслов ПРИМЕНА НА МЕХАНИЗАМ ЗА ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧНА ОБВРСКА (REVERSE CHARGE МЕХАНИЗАМ) содржи детали за општите правила и информации кои се однесуваат на примена на механизамот за пренесување на даночна обврска за данокот на додадена вредност. Брошурата може да ја симнете на ПОВЕЌЕ.
На 14 март 2019 година Собранието ќе се произнесе по Барање за давање на АВТЕНТИЧНО ТОЛКУВААЊЕ на член 14, став 3 точка 1 и точка 5 од Законот за данокот на додадена вредност поврзано со тнр. повикувачките услуги (call центри), што домашни даночни обврзници ги даваат за корисници во странство. Владиното Мислење испратено до Собранието може да го симнете на ПОВЕЌЕ.
Граѓани - ДДВ обврзници; Регистрација на граѓаните во системот на ДДВ; Оданочување на прометот од граѓани регистрирани ДДВ обврзници; Одбивка на ДДВ од влезни промети кон граѓани регистрирани ДДВ обврзници; Поднесување на ДДВ пријава од граѓанин - ДДВ обврзник; Одбивка на ДДВ од фактури на граѓани - ДДВ обврзници; Евиденциски обврски на граѓани регистрирани ДДВ обврзници. Целосниот текст побарај го на ПОВЕЌЕ.
Текст посветен на последната ДДВ Пријава за 2018-та година побарајте на ПОВЕЌЕ.
И на почетокот на 2019 година, регистрацијата за ДДВ на граѓаните, останува важна тема. За жал останаа и дилемите поврзани со темата. Ситуацијата не се подобри нуту со објавувањето на најавуваниот „Водич за подобро информирање на физичките лица за данок на додадена вредност“. Повторното актуелизирање на прашањето го побудија циркуларните известувања доставени до голем број на потенцијални ДДВ обврзници, со кои, на граѓаните кои во годишната даночна пријава („ГДП“) за 2017 година пријавиле приходи над 1.000.000 денари, им се наложува доставување на документација на увид, според која ќе се цени дали приходите потекнуваат од дејности кои се предмет на оданочување со ДДВ. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Текст за последна ДДВ Пријава за 2018-та година побарајте на ПОВЕЌЕ.