Новата ОДЛУКА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ДОБРАТА И УСЛУГИТЕ КОИ ПОДЛЕЖАТ НА ПОВЛАСТЕНА СТАПКА НА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ (277/19) во примена од 1 јануари 2020 година може да ја симнете на ПОВЕЌЕ.
Пречистен текст на Законот за данокот на додадена вредност, со вклучени измени и дополнувања објавени во Службен весник на РСМ бр. 275.19 може да симнете на ПОВЕЌЕ.
Кратка информација за предлог измените и дополнувањата на Законот за данокот на личен доход и Законот за ДДВ и Текстовите на ДВАТА Предлог Закони доставени до Собранието. Детали на ПОВЕЌЕ.
На 166 Седницата на Владата на Северна Македонија одржана на 19.11.2019 година е утврден текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, и истиот е доставен на усвојување до Собранието на државата. За какви измени се работи побарај на ПОВЕЌЕ.
Прагот за регистрација за ДДВ обврзници од 2020 година се подига на 2 милиони денари. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Согласно Законот за даночна постапка, поради отежнатото поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци на 25 Октомври 2019 година , се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата (25.10.2019) се продолжува за (три) дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 28.10.2018 година (понеделник). Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Како трговците (издавачи на фискални сметки) да пријават сторно сметки во мобилната апликација „Мој ДДВ“? Засега, сторнирањето на фискалните сметки не може да се врши преку десктоп апликација (компјутер). Сторнирањето се врши преку мобилен телефон. За постапката побарај на ПОВЕЌЕ.
Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност (објавена во Службен весник 173.19), во примена од 25 август 2019 година може да ја симнете на ПОВЕЌЕ.
Со Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по договорот за заем за финансирање на патната делница Крива Паланка - Деве Баир (граница со Бугарија), кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното Претпријатие за државни патишта (во натамошниот текст: „Законот“ - „Службен весник на РМ“, бр. 163/18) предвиден е посебен даночен третман односно, ослободување од плаќање на ДДВ и увозни давачки за прометите направени во функција на патната делница. Детали побарајте на ПОВЕЌЕ.
Во „Службен бвесник на РСМ“, бр. 133/19 од 28.6.2019 година (со примена од 1 јули 2019 година) е објавен Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица. Со примената на Законот и активирањето на апликацијата „Мој ДДВ“ се создадени услови за враќање на 15%-тен дел од данокот на додадена вредност на граѓаните. Текст на оваа тема, Законот и Апликацијата МојДДВ е достапна за симнување побарај на ПОВЕЌЕ.