Во Службен весник на РСМ број 315/20 се објавени повеќе правилници од областа на даноците и за враќање на средствата од добиената финансиската поддршка за исплата на платите. Правилниците можете да ги преземете на ПОВЕЌЕ.
Нова верзија на клиентски софтвер МПИН за 2021 година побарај на ПОВЕЌЕ.
Објавен износот на личното ослободување за данокот на личен доход за 2021 година. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Соопштение на УЈП: Ослободување од плаќање на месечните аконтации на ДЛД остварен од вршење на самостојна дејност. Детали побарајте на ПОВЕЌЕ.
Поставен е образецот ДД-ОМА/1 за ослободување од плаќање на аконтации за данок на добивка и пролонгиран е рокот за негово поднесување до 14 декември 2020 година (понеделник). Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Коментар на измените на Законот за данокот на личен доход (290/20) и пречистен текст на Законот за данокот на личен доход (290.20) побарај на ПОВЕЌЕ.
Од 7 декември 2020 година,лабораториските тестови за Covid-19 за вработени лица се ослободени од данок на личен доход; 2020 година: Трошоците за лабораториски тестови за Covid‐19 за лица вработени кај обврзникот на данокот на добивка, во износ до 9.000 денари годишно ќе имаат третман на даночно признаен расход. Детален текст на темата побарај на ПОВЕЌЕ.
Ослободување од плаќање аконтации на данок на добивка за месеците ноември-декември 2020 година и јануари-февруари 2021 година Објавено на 08/12/2020 Со измените на Законот за данокот на личен доход (во сила од 7.12.2020 година) е пропишано право на ослободување од плаќање на аконтации на данокот од вршење на самостојна дејност за месеците ноември и декември 2020 година, како и за јануари и февруари 2021 година. За условите кои треба да ги исполнат правните лица обврзници на данок на личен доход (ТП / СВД) за да бидат ослободени од плаќање на аконтациите на данокот за овие 4 месеци и за останатите детали, вклучувајќи и пречистен текст на Законот побарај на ПОВЕЌЕ.
Со измените на Законот за данокот на добивка (во сила од 7.12.2020 година) е пропишано право на ослободување од плаќање на аконтации на данок на добивка за месеците ноември и декември 2020 година, како и за јануари и февруари 2021 година. За условите кои треба да ги исполнат правните лица обврзници на данок на добивка за да бидат ослободени од плаќање на аконтациите на данокот на добивка за овие 4 месеци и за останатите детали, вклучувајќи и пречистен текст на Законот побарај на ПОВЕЌЕ.
Во Собранието на РС Македонија во тек е 22 седница на чиј дневен ред е Законот за изменување и дополнувања на Законот за данокот на личен доход. Со предлог законските промени, покрај одредени допрецизирања на законските одредби (кои нема да ги елаборираме), вклучени се повеќе новини, од кои некои ќе важат со денот на објавувањето во 2020 година, а некои од 01.01.2021 година. Во линкуваниот текст даваме подетални информации за предложените новини. Деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ.