До 31 март 2021 – Последен рок за поднесување до УЈП на ДД-01-Барање за пренесување на искажаната загуба

31 март 2021 година е последен рок за поднесување до УЈП на ДД-01-Барање за пренесување на искажаната загуба. Искажаната Даночна загуба (Негативна даночна основа утврдена како разлика меѓу повисокиот износ на Загуба од Билансот на успех и помалиот износ на Оданочиви расходи од Даночниот биланс) може да се пренесе на товар на добивката (читај: на товар на даночната основа) во идните пресметковни (даночни) периоди најмногу до ПЕТ години сметано од годината во која е искажана загубата. Детали, текст, образец, акти и прописи побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Предлог измени на Законот за данокот на личен доход – март 2021

Со предлог измени на Законот за данокот на личен доход се продолжува ослободувањето за месечните аконтации на вршителите на дејност до мај 2021 година и се преполовува даночната обврска за 2021 за занаетчиите-паушалисти. Детали и текстот на предлог Законот за ДЛС побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Извештај за данокот по задршка за 2020-та година

Обврската за домашните исплатувачи на оданочиви приходи (кои се предмет на оданочување со задржан данок) на странски правни лица да ја известуваат Управата за јавни приходи - УЈП на годишно ниво, до 15 февруари 2021 година за 2020 година, со поднесување на „Извештај за уплатениот данок по задршка“ (образец „ДД-И“), за износот на данокот што го задржале и уплатиле при исплатата на приходот е пропишана со Законот за данокот на добивка. Детали побарај во текстот на ПОВЕЌЕ.

Share
Потврди за даночен резидент за 2021 година

Потврди за резидентен стауст за 2021 година за Facebook и Google побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Нова ДДВ Пријава

За цели на имплементирање на последните измени во Законот за ДДВ („Службен весник на РСМ“, бр. 267/20), пропишан е нов образец - нова ДДВ пријава (со Правилникот за формата и содржината на даночната пријава на данокот на додадена вредност - „Службен весник на РСМ“, бр. 315/20), која во однос на претходната пријава е проширена за нови 4 полиња.

Share
Имплементација на НОВИОТ Правилник за фискалната опрема (315/20), после додавањето на новата ДДВ стапка од 10%

Детали за имплементацијата на НОВИОТ Правилник за фискалната опрема (315/20), после додавањето на новата ДДВ стапка од 10%, текстот на Правилникот и пречистен текст побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
За последниот даночен период од 2020-та, ќе се примeнува новиот образец на ДДВ пријавата

За последниот даночен период од 2020-та, ќе се примeнува новиот образец на ДДВ пријавата (ДДВ-04, со 32 полиња). Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
01.01.2021: НОВА Oдлука за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност

Од 1 јануари 2021 година се применува НОВА Oдлука за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност. Одлуката можеш да ја симнеш на ПОВЕЌЕ.

Share
Параметри за пресметување на платите за 2021 година

Текстот „Параметри за пресметување на платите за 2021 година симнете го на ПОВЕЌЕ.

Share
Правилници од областа на даноците и за враќање на средствата од финансиската поддршка за исплата на плати (315.20)

Во Службен весник на РСМ број 315/20 се објавени повеќе правилници од областа на даноците и за враќање на средствата од добиената финансиската поддршка за исплата на платите. Правилниците можете да ги преземете на ПОВЕЌЕ.

Share