Aгенцијата Про Агенс, основана во 1995 година, е една од водечките компании за даночен, финансиско-сметководствен, правен и менаџмент консалтинг во Република Македонија.

На своите клиенти со статус „претплатници на Про Агенс“ од областа на приватниот, јавниот и невладиниот сектор им нуди професионални консалтинг услуги, а за надворешните субјекти – „непретплатници“ (резиденти и нерезиденти) консалтинг услугите ги извршува врз основа на посебен ангажман во одделни економско-правни области. Нашите советници поседуваат високи професионални компетенции, стручни и научни звања: овластени сметководители, брокери, даночни советници, магистри и доктори на науки, правници со положен правосуден испит, …

Во рамките нa годишниот редовен консалтинг ангажман, клиентите добиваат привилегиран статус.

Покрај со консалтинг услуги, во форма на индивудален консалтинг (поединечен клиент) и масовен консалтинг (семинари, работилници и обуки), Про Агенс се занимава и со издавачка дејност. Ги издава редовните стручни списанија:

  • ИНФОРМАТОР,
  • ИНФО-РЕГИСТАР и
  • ПРО ЕКОНОМИЈА.

Информатор-от ги разработува најактуелните сметководствено-финансиски, стопански, трудово-правни и даночни теми. Инфо-Регистар-от е инфо издание со оперативен квалитет, а Про Економија-та е најобемниот прирачник за изготвување на годишни сметки и финансиски извештаи за сите видови деловни и непрофитни субјекти.

Про агенс повремено издава стручни Прирачници на различни актуелни теми, како и специјални семинарски прирачници. На посебно барање од своите клиенти, изработува стручни Елаборати и Извештаи, од економско-правната и даночна област.

Агенцијата Про Агенс на своите клиенти им гарантира услуга со висок квалитет, професионална дискреција и доверба, како и перманентна и ентузијастичка експертска поддршка и посветеност на решавањето на нивните деловни проблеми во најкраток можен рок.

Павле Гацов, управител