Во „Службен весник на РСМ“, бр. 116/2020 од 5.5.2020 година објавена е Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба (92/2020). Измените се донесени заради усогласување на оваа Уредба со Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот covid-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година. Со измена на Уредбата за субвенционирање на социјалните придонеси е пропишан нов образец Барање за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување (БС-ПЗСО). Детали и пречистен текст на Уредбата побарај на ПОВЕЌЕ.
Со УРЕДБА-та СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АКЦИЗИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, објавена на 1 април 2020 година (86/20) се уреди рокот за приватните здравствени установи, аптеките и производителите на лекови, помошни лековити средства и средства за дезинфекција кои се иматели на одобрение за повластен корисник во кој треба да поднесат гаранција за обезбедување на плаќање на акцизниот долг кој може да настане за акцизните добра кои се наоѓаат во постапка на акцизно одложување, да биде заклучно со 30 јуни 2020 година. Со дополнувањето на Уредбата, објавено (105/20), се предвиде зголемување на акцизата на енергентите (безоловен бензин со содржина на олово до 0,013 грама на литар, гасно масло како погонско гориво и гасно масло како гориво за греење) и се одредија роковите за попис на затекнатите залихи на енергенти, поднесување на записникот до надлежниот царински орган и плаќање на разликата во акцизата за гасно масло како гориво за греење. Дополнувањето на Уредбата е на сила од 21 април 2020 година, а неговите одредби ќе се применуваат за време на траењето на вонредната состојба како и 7 месеци од престанокот на траењето на вонредната состојба. Детали и пречистен текст на Уредбата побарај на ПОВЕЌЕ.
Согласно со “Уредба со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19 за време на вондредна состојба” („Службен весник на РСМ“, бр.92/2020), физичките лица кои вршат самостојна дејност (трговец поединец,, лице кое врши земјоделска, занаетчиска дејност и лице кое врши услуги, кое остварува доход од вршење дејност и е запишано во соодветен регистар) погодени од здравствено – економската криза, под одредени услови, имаат можност да користат финансиска поддршка за месеците април и мај 2020 година, во износ од 14.500 денари месечно. За остварување на правото, физичкото лице кое врши самостојна дејност поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства на физички лица кои вршат самостојна дејност образец БФС-СВД до Управата за јавни приходи. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Со Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба (108/2020) уредена е можност за одложено доставување на ДДВ-пријавите и плаќањето на ДДВ по нив. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Во Службен весник на РСМ, бр. 108/2020, во сила од 24 април 2020 година објавена е Уредба со законска сила за примена на Законот за игрите на среќа и за забавните игри за време на вонредна состојба со која се уредува можноста за приредувањето на интернет игрите на среќа во казино, обложувалница и автомат клуб. Текстот на Уредбата може да го симнеш на ПОВЕЌЕ,
ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ-04 ДО 30 АПРИЛ 2020 ГОДИНА.
Уште една Уредба со која Владата на РСМ им олеснува на донаторите кои го помагаат здравството и економијата во справувањето со состојбите предизвикани од коронавирусот COVID 19, е Уредбата со законска сила за примена на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности за време на вонредна состојба. Уредбата е објавена во „Службен весник на РСМ“, бр. 103/2020 и е во сила од 16.4.2020 година, а ќе се применува за време на траење на вонредната состојба. Детални упатства побарај на ПОВЕЌЕ:
Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба („Службен весник на РСМ“, бр. 82/2020) со која се пропиша олеснителен начин за издавање на фактури во електронска форма, се прошири со предвидено ослободување од ДДВ за донирани добра и услуги кои се однесуваат за справување со Коронавирусот Covid-19. Проширувањето е направено со Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба (во натамошниот текст - „Уредба“) која се објави во „Службен весник на РСМ“, бр. 102/2020 и стапи на сила од 14 април 2020 година, а предвидува: ослободување од данокот на додадена вредност на прометот на добра и услуги кои како донација се дадени на буџетски корисник, односно прометот остварен со донирани финансиски средства кон буџетски корисник, кој се однесува за справување со Коронавирусот Covid-19. Текст со Договор за донација и Потврда за примена донација и пречистен текст на Уредбата за ДДВ побарај на ПОВЕЌЕ:
Во „Службен весник на РСМ“ број 92 од 6 април 2020 година е објавена Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба, која влезе во сила со денот на објавувањето т.е. на 6 април 2020 година. Со Уредбата се уредуваат условите, начинот и постапката на субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување. Текст со детали побарај на ПОВЕЌЕ
Согласно со Уредба со законска сила, донесена на 30-тата седница на Владата, одржана на 27.03.2020 година, за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба, даночните обврзници имаат можност фактурите, покрај во хартиена форма, да ги издаваат и во електронска форма. Детали и пречисте текст на Законот за ДДВ побарај на ПОВЕЌЕ.