Консалтинг услуги

Во рамките на редовниот консалтинг сет што го пружа на своите клиенти, Про агенс ги покрива следните консалтинг услуги:

  • сметководствено-даночен консалтинг (даночно право / сите видови јавни давачки),
  • право од работните и облигационите односи и право на трговските друштва,
  • финансиско известување, анализа на финансиски извештаи и корпоративни финансии.

Со посебен договор, Про агенс, поединечно ги покрива услугите на даночен консалтинг на повисоко ниво.

Публикации

Агенција Про Агенс издава редовни стручни списанија со статии чии автори се членовите на тимот на Про Агенс и надворешни соработници, експерти во разни области.

ИНФОРМАТОР
Информатор е месечно стручно списание со статии од областа на даноците, финансиите, сметководството, работните односи, статусното право, менаџментот, деловното работење, инвестициите, банкарството, осигурувањето, … (12 изданија годишно).

ПРО ЕКОНОМИЈА
Про економија е прирачник за изготвување на финансиските извештаи и годишната сметка за сите видови деловни и непрофитни субјекти (излегува еднаш годишно).

ИНФО-РЕГИСТАР
Инфо-регистарот е папка со заменливи листови што се ажурира на редовна база, која ги содржи сите податоци и информации неопходни за даночно-сметководствено-финансиското работење на клиентите.

Пречистени текстови на прописи
Про агенс на редовна основа ги ажурира прописите кои го засегаат сметководствено-финансиското и даночно работење на своите клиенти.

Други изданија (Прирачници)

  • Прирачник за данокот на добивка
  • Прирачник за персоналниот данок на доход
  • Прирачник за данокот на додадена вредност
  • Прирачник за работните односи
  • Прирачник за даноците по одбивка на странски правни и физички лица
  • Проагенсов аналитички сметковен план
  • Прирачник за сметководство
  • Прирачник за финансиско известување
  • Прирачник за финансиска анализа,….