ПАКЕТ ПРЕТПЛАТА на Проагенсовите изданија !

Поради намалување на финансиската изложеност на клиентите (КПУ обуки), но и заради подобрување на квалитетот на услугите, тимот на Про Агенс нуди ПАКЕТ ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА.

Пакетот Проагенсова годишна претплата има единствена содржина:

ВАУЧЕР за 8 КПУ часови + 12 ИНФОРМАТОРИ (печатено и е-издание, од тоа еден двоброј) + ИНФО-РЕГИСТАР (е-издание) + ПРИРАЧНИК ЗА ГОДИШНА СМЕТКА (печатено издание) + Е-НАПИСИ + е-ИНФО + КОНСАЛТИНГ …

Цена на ПАКЕТОТ ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА изнесува 14.900 денари (со ДДВ и бесплатна достава)

СОДРЖИНА на ПАКЕТОТ ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА:

  • ВАУЧЕР за 8 КПУ часови (бесплатна посета на КПУ во траење од 8 часа)

Овој сегмент од пакетот фактички ја намалува цената на претплатата за бруто износ од 2.360 денари. Ваучерот може да се користи до крајот на годината за која се врши претплатата (до 31.12), после тоа станува неважечки (се поништува).

  • 12 броеви ИНФОРМАТОР, печатено и е-издание (од тоа еден двоброј)
  • Инфо-регистар, е-издание
  • Про економија, Прирачник за годишна сметка / финансиски извештаи, печатено издание
  • КОНСАЛТИНГ по телефон, мејл и во директни средби во просториите на Про агенс, односно на клиентот
  • НЕОГРАНИЧЕН ПРИСТАП до затворените содржини на интернет страната www.proagens.mk
  • БРОЈНИ АЛАТКИ во EXCEL
    (за составување на годишната сметка и финансиските извештаи; плати – нето/бруто; пресметка на камати; патен налог, МДБ, …)
  • е-написи за одделни интересни и важни теми
  • е-вести за брзи и важни известувања, за законски измени и вообичаени деловни известувања по мејл

БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ

  • Прирачник за годишна сметка за буџетски корисници и единки корисници на буџети и фондови, печатено издание
  • EXCEL алатка за составување на годишната сметка за БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ И ЕДИНКИ КОРИСНИЦИ

Кратки појаснувања во врска со Пакетот Претплата

  • Ваучер за 8 КПУ часови

Ваучерот дава можност за присуство на КПУ обука за овластени сметководители / сметководители за лице/а од фирмата претплатник во траење од 8 КПУ часови. Се стекнува со денот на плаќањето на вкупниот износ на претплатата. Правото задолжително мора да се искористи на годината.

  • Информатор – месечно печатено издание

Специјализирано месечно издание, кое содржи текстови од областа на даноците, сметководството и финансиското известување, финансирањето и анализата на работењето, работните односи, трговското право, … Покрај работењето на профитните субјекти, со изданието е опфатено и работењето на непрофитниот и јавниот сектор (буџетски корисници, …). Редовна содржина на Информаторот се и избрани текстови од даночната сфера. Токму даноците се наша потесна специјалност.

  • Инфо регистар – е-основна влошка плус месечни е-ажурирања

Папка која ги собира работните информации подредени во седум дела (преглед на корисни прописи, податоци за плати, дневници, уплатни сметки, курсни листи, шифрарници за девизно плаќање, …) која освен основната е-влошка содржи и редовни месечни е-ажурирања.

  • Про економија – годишно издание

Издание кое е целосно посветено на изготвувањето на годишната сметка и финансиските извештаи, имајќи ги предвид различните основи на финансиско известување (МСФИ/МСС, МСФИ за МСЕ) и се разбира годишното даночно известување.

  • Консалтинг услуги и е-комуникација

Покрај Сетот на изданија, во цената на ПАКЕТОТ Годишна претплата се вклучени и:

  • непосредните консалтинг услуги (по телефон, односно преку Ваша службена е-маил адреса),
  • 24/7 повластен пристап до богатите содржини на интернет страницата www.proagens.mk,
  • брзо и редовно информирање за тековните обврски, новини во прописите и сл. преку Ваша службена е-маил адреса,
  • можност за директни средби.

Посебни поволности

Со плаќањето на претплатата се стекнувате со право на Ваучер за 8 КПУ часови.

Привилегијата на претплатниците да добиваат попусти за учество на нашите советувања, како и на КПУ обуките, на посебните изданија и прирачници, и привилегираните цени за дополнителните консалтинг услуги, останува и во новата деловна година …

Цена

Цената на ПАКЕТОТ ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА изнесува 14.900 денари (со вклучен ДДВ). Доставата на сите печатени изданија е бесплатна.

Плаќањето се врши на сметката на Агенција Про агенс, 210  050  394  01  01  43 кај НЛБ банка АД Скопје, со цел на дознака: „Пакет претплата за ХХХХ година“ и повикување на број: ХХХ