Дополнување на Одлуката за промет на добра и услуги по повластена ДДВ стапка

Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност (објавена во Службен весник 173.19), во примена од 25 август 2019 година може да ја симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Ослободување од ДДВ, увозни давачки и акциза за набавки поврзани со делницата Крива Паланка-Деве Баир

Со Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по договорот за заем за финансирање на патната делница Крива Паланка - Деве Баир (граница со Бугарија), кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното Претпријатие за државни патишта (во натамошниот текст: „Законот“ - „Службен весник на РМ“, бр. 163/18) предвиден е посебен даночен третман односно, ослободување од плаќање на ДДВ и увозни давачки за прометите направени во функција на патната делница. Детали побарајте на ПОВЕЌЕ.

Share
Најнова измена и дополнување на Законот за ДДВ (124/19)

Во „Службен весник на РСМ“, бр. 124/19 е објавена најнова измена и дополнување на Законот за ДДВ. Текстот на Законот за ИД на Законот за ДДВ и ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ на Законот за ДДВ со вклучени последни измени и дополнувања може да симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Измени на Правилникот за спроведување на Законот за ДДВ

Измени на Правилникот за спроведување на Законот за ДДВ во врска со доказите за извршен извоз. Со почетокот на имплементација на дигиталниот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) кој стартуваше од 1 јуни 2019 година, извршена е измена на Правилникот за спроведување на Законот за ДДВ.

Share
Нов Закон за акцизи, во примена од 15 јули 2019 година

Во „Сл. весник на РСМ“, бр. 108/19 од 28.5.2019 година е објавен НОВ Закон за акцизи со примена од 15 јули 2019 година. Кратко ИНФО и новиот Закон за акцизи побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Новини во однос на регистрацијата за ДДВ

Коментар на последните новини во однос на регистрацијата за ДДВ (98,19) и пречистен текст на Законот за ДДВ на ПОВЕЌЕ.

Share
Апел на УЈП за доставување на ДДВ-пријавите пред 25-ти април 2019-та година

Апел на УЈП за доставување на ДДВ-пријавите пред 25-ти април 2019-та година. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Пренесување на ДДВ обврска (Reverse charge механизам)

Најновата Брошура издадена од УЈП (март 2019-та година), со наслов ПРИМЕНА НА МЕХАНИЗАМ ЗА ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧНА ОБВРСКА (REVERSE CHARGE МЕХАНИЗАМ) содржи детали за општите правила и информации кои се однесуваат на примена на механизамот за пренесување на даночна обврска за данокот на додадена вредност. Брошурата може да ја симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Автентично толкување за ДДВ третманот на повикувачките услуги (call центри)

На 14 март 2019 година Собранието ќе се произнесе по Барање за давање на АВТЕНТИЧНО ТОЛКУВААЊЕ на член 14, став 3 точка 1 и точка 5 од Законот за данокот на додадена вредност поврзано со тнр. повикувачките услуги (call центри), што домашни даночни обврзници ги даваат за корисници во странство. Владиното Мислење испратено до Собранието може да го симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Известување на УЈП: Продолжување на рокот за поднесување на ДДВ-04 пријава до 27 Јануари 2019

Известување на УЈП: Продолжување на рокот за поднесување на ДДВ-04 пријава до 27 Јануари 2019 година (НЕДЕЛА)

Share