Граѓани – ДДВ обврзници

Граѓани - ДДВ обврзници; Регистрација на граѓаните во системот на ДДВ; Оданочување на прометот од граѓани регистрирани ДДВ обврзници; Одбивка на ДДВ од влезни промети кон граѓани регистрирани ДДВ обврзници; Поднесување на ДДВ пријава од граѓанин - ДДВ обврзник; Одбивка на ДДВ од фактури на граѓани - ДДВ обврзници; Евиденциски обврски на граѓани регистрирани ДДВ обврзници. Целосниот текст побарај го на ПОВЕЌЕ.

Share
Последна ДДВ пријава за 2018-та година

Текст посветен на последната ДДВ Пријава за 2018-та година побарајте на ПОВЕЌЕ.

Share
ДДВ регистрација на граѓани

И на почетокот на 2019 година, регистрацијата за ДДВ на граѓаните, останува важна тема. За жал останаа и дилемите поврзани со темата. Ситуацијата не се подобри нуту со објавувањето на најавуваниот „Водич за подобро информирање на физичките лица за данок на додадена вредност“. Повторното актуелизирање на прашањето го побудија циркуларните известувања доставени до голем број на потенцијални ДДВ обврзници, со кои, на граѓаните кои во годишната даночна пријава  („ГДП“) за 2017 година пријавиле приходи над 1.000.000 денари, им се наложува доставување на документација на увид, според која ќе се цени дали приходите потекнуваат од дејности кои се предмет на оданочување со ДДВ. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Последна ДДВ Пријава за 2018-та година

Текст за последна ДДВ Пријава за 2018-та година побарајте на ПОВЕЌЕ.

Share
Инфо на УЈП: 15 јануари – Рок за регистрација за ДДВ

Според објавата на УЈП од 9 јануари 2019 година, даночните обврзници, кои во претходната календарска година оствариле вкупен оданочлив промет од вршење на стопанска дејност повисок од 1.000.000 денари имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец: ДДВ-01) најдоцна до 15 јануари 2019 година. Во истиот рок, даночните обврзници кои оствариле промет понизок од 1.000.000 денари може доброволно да се регистрираат за целите на данокот на додадена вредност со поднесување на Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност. УЈП потсетува дека даночни обврзници за ДДВ можат да бидат сите правни и физички лица, како и здружувањата на лица кои вршат оданочив промет од извршување на стопанска дејност. 

Share
Даночен третман: 1) Поделба со издвојување, со основање на ново друштво и 2) Советување и обуки за деловни цели на врабоени лица

Даночен третман: 1) Поделба со издвојување, со основање на ново друштво и 2) Советување и обуки за деловни цели на врабоени лица. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Физички лица обврзници на ДДВ – Софтвер за странски корисник

Деновиве УЈП, до голем број на граѓани доставува покани барајќи документирани образложенија за правниот основ на остварените приходи пријавени во даночните пријави за 2017 годна, во износ поголем од 1 милион денари. Се работи за постапка на утврдување на оданочив промет заради кој мора да се изврши регистрација за ДДВ. Во овој праг за регистрација не влегуваат ПЛАТИТЕ, ДИВИДЕНДИТЕ,... но и некои други приходи кои се остварени од вршењето на услуги кои согласно со дефинициите во Законот за ДДВ не се оданочиви, односно чие место на промет не паѓа во земјата (на пр. сет на услуги утврдени во членот 13 став 3 од Законот за ДДВ, извршени за странски корисник, кој нема регистрирано фирма/подружница во МКД).... Во продолжение презентираме одговор на УЈП на прашање за даночниот третман на софтверско решение за нарачател од странство. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Продолжува повластениот ДДВ третман на прометот на станови и станбени згради

Повластената даночна стапка (5%) за оданочување на прометот на станови и станбени згради продолжува да се применува до крајот на 2023-та година. Продолжувањето е уредено со измена на Законот за ДДВ објавена во Сл. весник 198/2018.

Share
Измени во Царинскиот закон

Во Царинскиот закон е направена уште една измена и дополнување, четиринаесетта по ред, која е објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 144 од 03.08.2018 година, а влегува во сила од 11 август 2018 година. Деталите побарајте ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Нацрт текст на НОВ Закон за акцизи

Нацрт текст на НОВ Закон за акцизи; Неколку информации од нацрт текстот на Законот за акцизи: Во новиот Предлог Закон за акцизите патничките автомобили не се предмет на оданочување; Со новиот Закон за акцизи, малите дестилерии ќе плаќаат 50% од полната акциза по литар алкохол, а земјоделците мали производители – 8,5% од полната акциза по литар алкохол. Кај големите производители на алкохол акцизата останува иста; Со новиот Закон за акцизи се овозможуваат увоз и пуштање во промет на нови тутунски производи, како несогорливиот тутун, кои граѓаните не можеа да ги набават во нашата земја, па ги набавуваа од странство; Се предвидува акцизата за тутунските производи и алкохолните пијалаци да се плаќа со пуштање во промет на производот. Досега акцизата се плаќаше однапред, со подигањето на акцизните марки; Заради следење на увозот и извозот на струјата, природниот гас, јагленот, коксот и лигнитот, овие производи стануваат акцизни добра со новиот закон, со тоа што нивната акциза се одредува на 0%. Нема да има промени во цената на овие производи поради новиот Закон за акцизи. Нацрт Законот за акцизите и детали за процесот може да побарате на ПОВЕЌЕ.

Share