ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ИСОС Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) ги известува своите членови сметководители во Република Македонија кои вчера и денес немаат пристап во системот на е-даноци заради негова целосна блокада, како и неможноста да ја извршат задолжителната обврска за достава на обрасците во законски предвидените рокови дека секое задоцнето доставување нема да се смета за доцнење и НЕМА да претставува прекршок заради неподнесување на аконтативната пријава во пропишаниот рок – 25 јануари 2017 година. Остатокот прочитај го на повеќе.
Соопштение на УЈП од 20.01.2017: НАСОКИ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ЕВИДЕНЦИИ НА ИЗЛЕЗНИ/ВЛЕЗНИ ФАКТУРИ КАКО ПРИЛОГ НА ДДВ-04 ПРИЈАВА, ВО СЛУЧАЈ НА БАРАЊЕ ОД УЈП УЈП ги известуваа ДДВ обврзниците и сметкодителите дека Управата за јавни приходи за определена група на ДДВ обврзници достави барање за информации заради утврдување на веродостојноста на податоците искажаните во поединечните полиња на даночната пријава “ДДВ-04“ (согласно член 57, 60 и 62 од Законот за даночна постапка „Службен весник на РМ“, бр.13/06...23/16)... Деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ
Текстот за даночниот аспект на финансирањето на партиите и изборните кампањеи може да го симнеш на повеќе
Текстот за составување на последната ДДВ пријава може да прочитате на повеќе
Текстот за Евиденцијата на утврдените разлики по пописот и нивниот даночен третман може да симнете на повеќе
Текстот на тема Регистрација и дерегистрација за ДДВ може да симнете на повеќе.
Од 1 јануари 2017 година се применува НОВА ДДВ Пријава (ДДВ-04). Единствената разлика во однос на старата пријава е отстранувањето на Периодичните финансиски извештаи од одобрените фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања во делот ПРИЛОЗИ. Функционално овие Извештаи се покриени со ГПРС конекцијата. Новиот Правилник за формата и содржината на Даночната Пријава на данокот на додадена вредност (222/16) можете да го симнете на повеќе.
Повластена даночна стапка за пелети, печки и котли на пелети Во „Службен весник на РМ“ бр. 222/16 од 28.12.2016 година објавена е Одлуката за изменување и дополнување на одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена даночна стапка на ДДВ која се однесува за примена на повластената даночна стапка за: пелети, печки на пелети и котли на пелети. Пречистениот текст на Одлуката можеш да ја симнеш на повеќе.
Со новиот Правилник за формата и содржината на Пријавата за регистрација на данокот на додадена вредност (216/2016) пропишана е НОВА Пријава за регистрација за ДДВ. Примената на Правилникот и Пријавата започнува од 1 јануари 2017 година. Детали побарај на повеќе.
Пречистениот текст на Законот за ДДВ може да го симнат привилигираните корисници со кликнување на повеќе