Сметководствен и даночeн третман при пренамена на недвижности

Поради разни деловни причини, трговските друштва и други стопански субјекти се одлучуваат за пренамена на еднаш веќе наменски класифицираните недвижнини. Така на пример, стопанствениците се одлучуваат своите недвижности користени во дејноста, да ги пренаменат за изнајмување, продажба или пак вложување во друго друштво. Често пати, недвижностите кои се изградени за цели на продажба, а продажбата не е извесна, се даваат за изнајмување. Сите детали за Сметководствениот и даночниот третман при пренамена на недвижности побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Викенд без ДДВ (10-12 октомври 2020)

Викенд без ДДВ (10-12 октомври 2020): Пречистен текст на Законот и Дефинирање на „Македонски производи“ побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
ДДВ: Издавање на е-фактури и ослободување за донација на буџетски корисник

Со УРЕДБАТА на Законот за ДДВ се уредува: формата на олеснето издавање и пренос на фактури во електронска форма, за време на вонредната состојба; ослободувањето од данокот на додадена вредност на прометот на добра и услуги кои како донација се дадени на буџетски корисник односно прометот остварен со донирани финансиски средства кон буџетски корисник, кој се однесува за справување со Коронавирусот Covid-19, за време на вонредната состојба и одложените рокови за поднесување на даночната пријава за данокот на додадена вредност како и рокот за плаќање на ДДВ, за месеците февруари и март и за тромесечието јануари-март до 30 април, а за месец април - до 31 мај 2020 година. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Рокот за поднесување на ДДВ пријавата (ДДВ-04) и за плаќање на ДДВ за април 2020 година е 31 мај 2020 година (односно, понеделник, 1 јуни 2020 година)

Рокот за ПОДНЕСУВАЊЕ на ДДВ пријавата (ДДВ-04) и за ПЛАЌАЊЕ на ДДВ за месец АПРИЛ 2020 е одложен до 31 мај 2020 година, односно 1 јуни 2020 година (понеделник). Детали и пречистен текст на Уредбата побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Промена на акцизата за енергенти и обврски по Уредба со законска сила за примена на Законот за акцизите

Со УРЕДБА-та СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АКЦИЗИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, објавена на 1 април 2020 година (86/20) се уреди рокот за приватните здравствени установи, аптеките и производителите на лекови, помошни  лековити средства и средства за дезинфекција кои се иматели на одобрение за повластен корисник во кој треба да поднесат гаранција за обезбедување на плаќање на акцизниот долг кој може да настане за акцизните добра кои се наоѓаат во постапка на акцизно одложување, да биде заклучно со 30 јуни 2020 година. Со дополнувањето на Уредбата, објавено (105/20), се предвиде зголемување на акцизата на енергентите (безоловен бензин со содржина на олово до 0,013 грама на литар, гасно масло како погонско гориво и гасно масло како гориво за греење) и се одредија роковите за попис на затекнатите залихи на енергенти, поднесување на записникот до надлежниот царински орган и плаќање на разликата во акцизата за гасно масло како гориво за греење. Дополнувањето на Уредбата е на сила од 21 април 2020 година, а неговите одредби ќе се применуваат за време на траењето на вонредната состојба како и 7 месеци од престанокот на траењето на вонредната состојба. Детали и пречистен текст на Уредбата побарај на ПОВЕЌЕ.   

Share
Уредена можност за одложено доставување на ДДВ-пријавите и плаќањето на ДДВ по нив

Со Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба (108/2020) уредена е можност за одложено доставување на ДДВ-пријавите и плаќањето на ДДВ по нив. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Продолжување на рокот за поднесување на ДДВ-04 до 30 април 2020 година

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ-04 ДО 30 АПРИЛ 2020 ГОДИНА.

Share
Уредба на Законот за ДДВ: Фактура во електронска форма со право на одбивка на претходен данок

Согласно со Уредба со законска сила, донесена на 30-тата седница на Владата, одржана на 27.03.2020 година, за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба, даночните обврзници имаат можност фактурите, покрај во хартиена форма, да ги издаваат и во електронска форма. Детали и пречисте текст на Законот за ДДВ побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Електронска фактура

Текст за издавање на електронска форма вклучувајќи и соодветна согласност побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Регистрација (и дерегистрација) за ДДВ во 2020 година

Текст за Регистрација (и дерегистрација) за ДДВ во 2020 година побарај на ПОВЕЌЕ.

Share