Со измената и дополнувањето на Законот за ДДВ (163/21) се пропиша намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% за прометот и увозот на електричната енергија за домаќинствата за период од 16.07.2021 (ден на влегување во сила на законот) до 30 јуни 2022 година, како и идно оданочување на истиот промет со даночна стапка од 10% за периодот од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година. По истекот на наведените периоди на примена на повластената стапка од 5% и 10%, од 1 јули 2023 година, прометот и увозот на електричната енергија за домаќинствата, повторно ќе се оданочува со 18% ДДВ. Останатите потрошувачи (деловните субјекти) немаат повластувања, односно поскапувањето на енергијата ќе ги товари нивните трошоци, со тоа што за оние кои не се ДДВ обврзници или немаат право на одбивка на ДДВ, поскапувањето додатно се одразува преку пресметаните 18% ДДВ на повисока основица.
ДВЕ годишно транзициско намалување на стапката на ДДВ на прометот на струја за домаќинствата. Јунскиот предлог текст на Законот за ДДВ и пречистенио текст побарајте ги на ПОВЕЌЕ.
Текст за појаснување на наведените системи на оданочување и осврт на сметководствената и даночна евиденција кај секој од нив побарај на ПОВЕЌЕ.
За цели на имплементирање на последните измени во Законот за ДДВ („Службен весник на РСМ“, бр. 267/20), пропишан е нов образец - нова ДДВ пријава (со Правилникот за формата и содржината на даночната пријава на данокот на додадена вредност - „Службен весник на РСМ“, бр. 315/20), која во однос на претходната пријава е проширена за нови 4 полиња.
Детали за имплементацијата на НОВИОТ Правилник за фискалната опрема (315/20), после додавањето на новата ДДВ стапка од 10%, текстот на Правилникот и пречистен текст побарај на ПОВЕЌЕ.
За последниот даночен период од 2020-та, ќе се примeнува новиот образец на ДДВ пријавата (ДДВ-04, со 32 полиња). Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Од 1 јануари 2021 година се применува НОВА Oдлука за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност. Одлуката можеш да ја симнеш на ПОВЕЌЕ.
Коментар на Измените на Законот за ДДВ и пречистен текст на Законот за ДДВ побарај на ПОВЕЌЕ.
Линк до пречистен текст на Законот за ДДВ (со вклучени измени и дополнувања објавени во Сл. весник бр. 267/20) на ПОВЕЌЕ.
Информација за предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност; Одредби кои се применуваат од денот на влегувањето во сила на измените на Законот за ДДВ до 31 декември 2021 година и одредби кои ќе се применуваат од 01 јануари 2021 година. Пречистен текст на Законот за ДДВ со вклучени одредби од Предлог Законот за ДДВ може да симнете на ПОВЕЌЕ.