Владата на РСМ на седницата одржана на 26-ти март 2019-та година (вторник) дала позитивно мислење на иницијативата на група пратеници за АВТЕНТИЧНО ТОЛКУВАЊЕ на членот 115 од Законот за данок на личен доход. Детали побарајте на ПОВЕЌЕ.
Во „Службен весник на РСМ“, бр. 50/19 од 5 март 2019 година се објавени промените на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство (во сила од 13. март 2019 година). Со промените се пропишани нови основи за слободно отворање и имање на сметка во странска банка од страна на македонски резиденти, за кои претходно беше потребно одобрение од Народната банка на РСМ). Текст со детали на предметната тема побарајте во текстот на ПОВЕЌЕ.
Од април 2019-та година, минималната бруто плата ќе се зголеми за 3,3% и ќе изнесува 17.943 денари
Во кратки и концизни текстови се осврнуваме на неколку дилеми од работните односи: Mожност за трансформирање на договорот за вработување од определено на неопределено време, Можност за откажување на договорот за вработување со приправник, Можно порамнување (компензирање) на исплаќањето на плата, Момент на започнување на течење на отказен рок, Паричен надоместок наместо отказен рок, Застарување на парични побарувања од работен однос, Казнени мерки за затекнување на непријавени работници, Детали побарајте на ПОВЕЌЕ.
Консолидирана ГС и консолидирани ФИ составува и објавува друштво кое има преовладувачко влијание во едно или повеќе друштва (владејачко друштво), поради што нив ги потпишува одговорното лице во тоа друштво. За консолидираните финансиски извештаи да презентираат финансиски информации за групата како за едно единствено претпријатие, се преземаат следните чекори: (а) се елиминира сметководствената вредност на вложувањето на матичното претпријатие во секоја подружница и делот на матичното претпријатие од главнината на секоја подружница; (б) се идентификуваат малцинските учества во нето добивката на консолидираните подружници за известувачкиот период и истите се корегираат на товар на добивката на групата за да се добие нето добивката којашто може да се припише на сопствениците на матичното претпријатие; и (в) се идентификуваат малцинските учества во нето средствата на консолидираните подружници и истите се презентираат во консолидираниот биланс на состојба одделно од обврските и главнината на матичното претпријатие. Детали побарајте на ПОВЕЌЕ.
Со предлог измени и дополнувања на Законот за регистрирање на готовински плаќања (поминат во прво читање во Собранието) а заради намалување на фискалната евазија, се санкционира несоодветното користење на фискалниот систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања во поглед на преобемно издавање на сторни сметки и нерегистрирање на остварениот промет. Во линкуваниот текст на ПОВЕЌЕ може да го прочитате коментарот на предложените законски измени.
Од 04.12.2018 година се либерализираат капиталните трансакции - ВЛОЖУВАЊЕ ВО ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ И НЕДВИЖНОСТИ ВО СТРАНСТВО. Деталите побарајте ги во текстот на ПОВЕЌЕ.
На 14 март 2019 година Собранието ќе се произнесе по Барање за давање на АВТЕНТИЧНО ТОЛКУВААЊЕ на член 14, став 3 точка 1 и точка 5 од Законот за данокот на додадена вредност поврзано со тнр. повикувачките услуги (call центри), што домашни даночни обврзници ги даваат за корисници во странство. Владиното Мислење испратено до Собранието може да го симнете на ПОВЕЌЕ.
За денес, 1-ви март 2019-та година во кратка форма презентираме одговори на три најчесто поставувани прашања до тимот на Про Агенс: Премии на осигурување, Помош при лекување и Надомест за органи на управување