Според објавата на УЈП од 9 јануари 2019 година, даночните обврзници, кои во претходната календарска година оствариле вкупен оданочлив промет од вршење на стопанска дејност повисок од 1.000.000 денари имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец: ДДВ-01) најдоцна до 15 јануари 2019 година. Во истиот рок, даночните обврзници кои оствариле промет понизок од 1.000.000 денари може доброволно да се регистрираат за целите на данокот на додадена вредност со поднесување на Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност. УЈП потсетува дека даночни обврзници за ДДВ можат да бидат сите правни и физички лица, како и здружувањата на лица кои вршат оданочив промет од извршување на стопанска дејност.
Одделни коментари во насока на правилна примена на новиот Закон за данокот на личен доход се достапни преку соодветни линкови за: 1) Доход од работа, 2) Друг доход, 3) Доход од осигурување, 4) Доход од игри на среќа и 4) Капитални добивки. побарај на ПОВЕЌЕ.
За Вас подготвивме пречистени текстови на неколку важни прописи кои имаа измени и дополнувања во месец декември 2019-та година: Закон за трговските друштва, Закон за ПИО, Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување, Закон за данокот на добивка, Закон за данокот на личен доход. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Трговските друштва класифицирани како микро и мали трговци, како и правните лица (ПЗУ - приватни здравствени установи и други правни лица) резиденти на Република Македонија кои водат сметководство и изготвуваат годишни сметки согласно со Законот за трговските друштва и кои според природата и обемот на дејноста се сметаат за трговци, можат да се определат да пресметуваат и плаќаат годишен данок на вкупен приход, наместо да плаќаат данок на добивка (членови 31-36 од ЗДД). Детали за оданочувањето на Годишниот вкупен приход за 2018-та побарајте на ПОВЕЌЕ.
Аконтативна пресметка на данокот на доход и платените придонеси при секоја исплата и во 2019-та. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Годишни известувачки обврски по ЗРО и Законот за придонеси и укинати ГОДИШНИ Известувачки обврски за персоналниот данок на доход. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Споредба на старите и новите ослободувања од данок на доход за некои видови исплати (компаниски, непрофитни, синдикални, образовни). Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Известување н УЈП во врска со Е-ПДД. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка кој ќе се применува од 2019 година е објавен во Сл. весник на РМ, бр. 248/18 од 31.12.2018 година. Пречистен текст на Законот за данокот на добивка со вклучени изменувања и дополнувања од Сл. весник на РМ, бр. 248/18 можете да симнете на ПОВЕЌЕ.
Алатката за пресметка на месечната аконтација на данокот на добивка за 2019 година може да ја симнете на ПОВЕЌЕ.