Во „Службен весник на РСМ“ бр. 132/19, од 28.6.2019 година е објавен НОВ Правилник за начинот на пресмeтка и уплата на аконтациите на данокот на доход, формата и содржината и начинот на доставување и одобрување на електронската пресметка за доход и данок. Правилникот е во сила од 29 јуни 2019 година. Со Павилникот се пропишува начинот на пресметка и уплата на аконтациите на данокот на доход, формата и содржината и начинот на доставување и одобрување на електронската пресметка за доход и данок на исплатувачот од членот 84 од Законот за данокот на личен доход, обврзникот кој во текот на годината остварува доход кој подлежи на оданочување врз основа на Законот и обврзникот-нерезидент. Новиот Правилник може да го симнете на ПОВЕЌЕ.
Законот за финансиска дисциплина е донесен на самиот крај на 2013 година со негово објавување во „Службен весник на РМ“, бр. 187 од 30 декемри 2013 годин. Истиот влезе во сила на 07.01.2014 година, со одложена применува од 01.05.2014 година. Целта на ЗФД е елиминирање на проблемите од задоцнето извршување на паричните обврски во деловните трансакции меѓу субјектите од приватниот сектор, односно меѓу субјектите од приватниот и од јавниот сектор, што резултира со нарушување на ликвидноста на субјектите, неможност за намирување на обврските кон доверителите и вработените, кредитно задолжување, нарушување на конкурентноста, отворање на стечајни постапки и во рамките на синдромот на верижни случувања - влошување на севкупната економска состојба. Со Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина, објавен во „Службен весник на РСМ“, бр. 124/19, во сила од 26.06.2019 година, со примена која треба да започне во рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила (најдоцна од 25.08.2019 година), се врши трето по ред новелирање на ЗФД. Детали за новините на Законот за финаниска дисциплина побарај на ПОВЕЌЕ.
Во „Службен весник на РС Македонија“, бр. 127/19 од 21 јуни 2019 година, министерот за труд објави два нови правилници поврзани со Законот за практикантство („Службен весник на РС Македонија“, бр. 98/19). Деталите за новите правилници, коментар на законот и самиот Закон за практикантство побарај ги на ПОВЕЌЕ.
Нов Правилник за начинот на спроведување на даночното ослободување на даночниот обврзник кој донирал финансиски средства на спортски субјекти и НОВИ Правилници од Агенција за млади и спорт поврзани со здавањето на ваучери објавени во Законот за спорт. Кратка информација за правилниците (и самите Правилници) може да ги најдете на ПОВЕЌЕ.
Во „Службен весник на РСМ“, бр. 124/19 е објавена најнова измена и дополнување на Законот за ДДВ. Текстот на Законот за ИД на Законот за ДДВ и ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ на Законот за ДДВ со вклучени последни измени и дополнувања може да симнете на ПОВЕЌЕ.
Даночен пинг-понг: Прашање од Про Агенс – Јасен и прецизен одговор на УЈП за личните трансфери – пренос на пари меѓу физички лица. Детали на ПОВЕЌЕ.
Текст за даночнииот третман на приходи остварени од странство по основ на договорен ангажман на физичко лице (граѓанин) побарај на ПОВЕЌЕ.
Текст за примена на НОВИОТ Закон за практикантство, со детални објаснувања и примери со пресметки и Новиот Закон за практиканство може да го симнете на ПОВЕЌЕ.
За даночниот третман на одредени индиректни и директни примања на физички лица, вклучувајќи го и третманот на режиските/комуналните трошоци за недвижност земена под закуп (кога сметките гласат за физичкото лице-закуподавач, а не на правното лице Закупец), согласно со Законот за данокот на личен доход од 2019 година, прочитај на ПОВЕЌЕ.