Автентично толкување на одредба од Законот за данокот на добивка

Автентично толкување на одредба од Законот за данокот на добивка поврзано со исплатените авторските хонорари на странски правни лица од аспект на задржаниот данок. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Информатор 8/2019

Информаторот, број 8/2019 можете да го симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Насоки на УЈП за начинот на подготовка на МПИН пресметка од страна на работодавач за лица на ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА

Насоки на УЈП за начинот на подготовка на МПИН пресметка од страна на работодавач за лица на ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА симни на ПОВЕЌЕ.

Share
Најнов број на Проагенсовото КПУ списание – 1/2019 година

Најновиот број на Проагенсовото КПУ списание - 1/2019 година симнете го на ПОВЕЌЕ.

Share
НОВ Правилник за финансиска поддршка на инвестициите

Од 13.07.2019 година во сила е НОВ Правилник за формата и содржината на барањето за доделување на финансиска поддршка и потребната документација. Детали за новините, потоа 1) Калкулатор на финансиска поддршка за инвестиции и конкурентност, како и 2) Пречистен текст на Законот за финансиска поддршка на инвестициите и 3) новиот Правилник за формата и содржината на барањето за доделување на финансиска поддршка и потребната документација побарајте ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Одложена примената на новиот Закон за акцизи од 1 Ноември 2019 година

Во „Службен весник на РСМ“, бр. 143/19 од 12 јули 2019 година, објавен е Закон за изменување и дополнување на Законот за акцизите, со кој е одложена е примената на НОВИОТ Закон за акцизи за 1 ноември 2109-та година. Детали, како и Законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите побарајте на ПОВЕЌЕ.

Share
Од денес, 15 јули 2019-та година – во примена нов Закон за акцизите

Од денес, 15 јули 2019-та година - во примена нов Закон за акцизите. Според новиот Закон на акцизите подлежни следните акцизни добра: алкохолот и алкохолни пијалaци, тутунски производи и енергентите и електрична енергија. Патничките автомобили веќе не се предмет на оданочување со акциза. Истите ќе бидат уредени со нов, посебен закон за оданочување на моторни возила. Уредено е акцизниот период да биде еден календарски месец како и досега. Меѓутоа, новина е тоа што, наместо досегашната акцизна пријава, акцизниот обврзник треба да поднесува акцизна декларација кај надлежниот царински орган во електронска форма. Коментар на новиот Закон за акцизи и Законот за акцизите (108/19) побарај го на ПОВЕЌЕ

Share
Надоместок за боледување (на товар на работодавачот / на товар на ФЗО) – детали, примери, пресметки

Целосно апдејтиран текст за пресметување на надоместок за БОЛЕДУВАЊЕ со детали, примери и пресметки, како и пречистен текст на Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Донирање на финансиски средства на спортски субјекти (даночни аспекти)

Со последната измена и дополнување на Законот за данокот на добивка, од 1 јануари 2019 година, се уредени нови правила за донирање на финансиски средства на спортски субјекти заради остварување на право на намалување на обврската по основ на пресметан данок на добивка. Во истиот контекст е извршена измена и во Законот за спортот со објава од 21 мај 2019 година, датум од кога измената на законот влезе во сила. Со измената на Законот за спортот се уредија правила и процедури што треба да ги исполнат спортските субјекти за да остварат право на ваучер што ќе го издаде Агенцијата за млади и спорт како услов, обврзниците на данокот на добивка за дадена финансиска донација на спортски субјект да остварат право на намалување на пресметаната обврска по основ на данок на добивка. Освен со овие два Закони, донесени се и три правилници, со кои се уредува остварувањето на ова право, односно можност на оперативно ниво. Два од правилниците се подзаконски прописи на Законот за спортот, а еден правилник е подзаконски пропис на Законот за данокот на добивка. Текст на оваа тема, закони, правилници, обрасци, евиденции, како и Листа на спортски субјекти што имаат право да користат ВАУЧЕРИ побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
1 јули 2019 – Стартуваше мерката за враќање на граѓаните на 15% од ДДВ-то содржано во фискалните сметки

Во „Службен бвесник на РСМ“, бр. 133/19 од 28.6.2019 година (со примена од 1 јули 2019 година) е објавен Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица. Со примената на Законот и активирањето на апликацијата „Мој ДДВ“ се создадени услови за враќање на 15%-тен дел од данокот на додадена вредност на граѓаните. Текст на оваа тема, Законот и Апликацијата МојДДВ е достапна за симнување побарај на ПОВЕЌЕ.

Share