Собранието на РМ на 22.12.2017 година (петок) ГИ УСВОИ измените и дополнувањата на Законот за вршење на СМЕТКОВОДСТВЕНИ работи. Согласно со УСВОЕНИТЕ измени, за 2017 година: - ОВЛАСТЕНИТЕ СМЕТКОВОДИТЕЛИ се должни да посетат најмалку 15 КПУ часови, а - СМЕТКОВОДИТЕЛИТЕ се должни да посетат најмалку 10 КПУ часови. Деталите и пречистениот текст на Законот побарај ги на ПОВЕЌЕ.
Термини и локации на КПУ обуки на Про Агенс во ДЕКЕМВРИ 2017 година: 12 декември (ВТОРНИК) 2017 г., Битола, х. „Милениум“; 14 декември (ЧЕТВРТОК) 2017 г., Штип, х. „Оаза“; 16 декември (САБОТА, викенд КПУ обука) 2017 г., Скопје, Економски факултет при УКИМ; 22 декември (ПЕТОК) 2017 г., Скопје, х. „Континентал“; Работните информации (Програма, Пријава, Дневен тајминг и Про фактура) побарајте ги на ПОВЕЌЕ.
Презентациите од КПУ обуката 1/2017 на Агенцијата Про Агенс одржана во периодот октомври-ноември 2017 година се постирани на ПОВЕЌЕ.
Важно: Про агенс наскоро ќе ги објави термините и локациите за ВТОРИОТ циклус на КПУ обуки (2/2017) за овластени сметководители / сметководители што ќе се одржат до крајот на 2017 година. Вториот циклу ќе биде во траење од 8 КПУ часови. И овој пат секој учесник ќе добие Прирачник (без никаква доплата), а презентациите после завршувањето на циклусот ќе бидат поставени на http://www.proagens.mk Колегите кои досега не посетиле КПУ обука, имаат можност да ја посетат претстојната ВИКЕНД КПУ обука на Про агенс што ќе се одржи на 18 ноември 2017 година (САБОТА) на Економски факултет при УКИМ во Скопје (амф. 1). Со посета на оваа обука и на уште една еднодневна КПУ обука до крајот на годината, колегите овластени сметководители/сметководители ќе успеат да го исполнат потребниот број на часови. Детали на ПОВЕЌЕ
Министерството за финансии ги конкретизираше своите предлози во Нацрт Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи. Во врска со бројот на КПУ часови за 2017 година се предлага: овластените сметководители да посетат најмалку 15 КПУ часови и сметководителите да посетат најмалку 10 КПУ часови. Бројот на законски неопходните КПУ часови за период од ТРИ години се предлага да се намали на следниот начин: за овластените сметководители од 120 на 90 часа, при што најмалку 20 часа во текот на една година (сегашното решение е 30 часа) и за сметководители од 90 на 60 часа, при што најмалку 10 часа во текот на една година (сегашното решение е 20 часа). Се предлага да им се даде рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила на Законот на Лицата кои не успеала во законскиот рок да го заменат уверението од МФ со уверение од ИСОС, како и оние што не успеале во законскиот рок да се запишат во соодветниот регистар на ИСОС. Пречистен текст на предлог Законот може да симнете на ПОВЕЌЕ.
Термини и локации за одржување на Проагенсовите КПУ обуки во НОЕМВРИ 2017 година: 9-10 ноември 2017 г. Охрид – х. Милениум палас и 18. ноември (САБОТА) 2017 година - Скопје, Економски факултет при УКИМ (амфитеатар 1) Деталите на ПОВЕЌЕ.
ВИКЕНД КПУ обука на Про агенс - Економски факултет при УКИМ, Скопје - 18. ноември 2017 година (САБОТА). Деталите на ПОВЕЌЕ.
Министерството за финансии предлага измени и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи. Деталите побарајте ги на ПОВЕЌЕ.
Текст за даночниот третман на КПУ обуките од аспект на ДДВ, данок на добивка и персонален данок на доход побарајте на ПОВЕЌЕ.
Известување на ИСОС за КПУ до членовите на Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ (26,10,2017)