Заради обезбедување на поголема транспарентност во работењето на буџетите и буџетските корисници, односно за информирање на јавноста за состојбата на средствата, обврските, изворите на средствата, за остварените приходи и реализираните расходи на овие институции, се предлага буџетите и буџетските корисници завршните сметки да ги објавуваат на својата веб страница во рок од 15 дена од доставувањето на истите до Регистарот на годишните сметки при Централниот регистар на Република Македонија.
Примери на Одлуки за усвојување на финансиските извештаи (изработени од Про агенс) може да симнете на ПОВЕЌЕ
Про агенс го најавува своето традиционално Пролетно советување. Советувањето ќе се одржи од 22 до 25 мај 2017 година во Загреб и Плитвице. За деталите види на ПОВЕЌЕ. Пријава на учество преку следниот линк:
Централниот регистар на РМ согласно најавува спроведување на контрола на носителот на овластување регистрационен агент во однос на исполнетоста на критериумите за добивање на овластување, постапувањето при поднесување на пријава за упис и извршувањето на услугите за упис преку Системот за е-регистрација. Контрола ќе се спроведува од страна на службени лица вработени во Централниот регистар, овластени од директорот на Централниот регистар за спроведување на истата за што ќе бидат и должни да се легитимираат пред субјектот кој е предмет на контрола. За деталите види на ПОВЕЌЕ.
За даночниот и сметководствен третман на вредносното усогласување и отписот на побарувањата од купувачите прочитајте детален текст на ПОВЕЌЕ.
Важни правила за составување на БИЛАНСОТ НА ПРИХОДИ И РАСХОДИ (Образец Б) кај самостојните вршители на дејност од аспект на ДДВ, во случаите кога самостојни вршители на дејност се регистрирани за цели на ДДВ побарајте на ПОВЕЌЕ.
Про Агенс за своите корисници изготви НОВИ, целосно апдејтирани и усогласени со МСС, МСФИ и МСФИ за МСЕ (во word формат) Сметководствени политики (кои се соодветни како за микро и мали, така и за средни и големи трговци). Политиките може да ги симнете преку ПОВЕЌЕ.
Изветувањето за пис во Регистарот на насители на уверение на ИСОС од 27 јануари 2017 година можете да го симнете на повеќе
Институтот на сметководители и овластени сметководителина Република Македонија од понеделник 23 јанауари 2017 ќе отпочне со доделување на уверенијата за овластен сметководител, по првиот јавен повик. Детали побарај на повеќе.
Текст за Изготвување на финансиските извештаи може да симнете преку повеќе.