НАЈНОВА Програма за ефикасно намалување и управување со идентификуваниот ризик од перење пари и финансирање на тероризам изготвена од Про Агенс може да симнете на ПОВЕЌЕ.
Почитувани, Во текот на месец ДЕКЕМВРИ 2018 година, Про Агенс ќе го организира последниот СЕТ на КПУ обуки за 2018 година (4/2018). Наскоро ќе ги објавиме деталите за термините, локациите и посебно актуелните и атрактивни теми за овој период од годината.
Правни и физички лица кои ги вршат сметководствени услуги подлежат на безбедносни проверки согласно со прописите за безбедност на класифицирани информации и се должни да поседуваат безбедносен сертификат со степен „доверливо“. Детали на ПОВЕЌЕ, а целосна информација на претстојните Обуки на Про агенс.
За потребите на македонските компании, кои известуваат кон странство, како и заради запознавање на субјектите од приватниот сектор со тековно важечките сметководствени стандарди во странските држави со чии резиденти деловно соработуваат, темата на линкуваниот текст е новодонесениот МСФИ 15 - Приходи од договори со купувачи, кој се применува од 1 јануари 2018 година. МСФИ 15 не е вклучен во Правилникот за водење сметководство, така што не е задолжителен за изготвување на годишната сметка и финансиските извештаи за македонските известувачки субјекти. Целта на носењето на новиот МСФИ 15 е да се подобри финансиското известување за приходите, така што со истиот се заменуваат неколку досегашни стандарди и толкувања, кои ја регулираа проблематиката за признавање на приходите. Појаснувањата и бројните примери за примена на МСФИ 15 побарај ги преку ПОВЕЌЕ.
Македонски синтетички сметковен план на англиски јазик може да симнете на ПОВЕЌЕ.
Најавуваме важен деловен настан - Традиционално ЈУНСКО Советување на Про агенс во Грција. Деталите на ПОВЕЌЕ.
Најновиот број на Проагенсовото КПУ списание - април 2018 година може да го симнете на ПОВЕЌЕ
После добиена согласност од Министерството за финансии, Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) ја објави Годишната Програма за КПУ за 2018 година. Деталите побарајте ги на ПОВЕЌЕ.
Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) донесе нов Тарифник за висината на годишната членарина. Детали побарајте на ПОВЕЌЕ.
Согласно со членот 23 од Законот за вршење на сметководствени работи, ВРШИТЕЛИТЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ: Трговец-поединец-сметковoдител; Трговец-поединец-овластен сметководител и Друштво за вршење на сметководствени работи имаат обврска најдоцна до 31 јануари 2018 година да му достават на Институтот на сметководители и овластени сметководители: Список на лица вработени како сметковoдители и овластени сметководители со регистарски број под кој се запишани во соодветниот регистар кај Институтот и Доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност во пропишаниот износ. За деталите види на ПОВЕЌЕ.