10.05.2022: Закон за вршење на сметководствени работи (со вклучени амандмани од Комисијата за ЕП) побарај на ПОВЕЌЕ!
И во 2021 година ja продолжуваме проверената пракса на ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА во ПАКЕТ на Проагенсовите печатени и е-изданија и консалтинг. Пакетирањето е мотивирано со намалување на финансиската изложеност на нашите клиенти. Во Пакетот Годишна претплата се вклучени 16 БЕСПЛАТНИ КПУ часови (износ од 4.720 денари), печатени и е-изданија на списанието Информатор, е-информации доставувани на пријавени имејл адреси, е-база на податоци и редовниот консалтинг на Про Агенс. Детали, инфо, про-форма за претпланик и про-фактура побарај на ПОВЕЌЕ.
КПУ 4/2019 на Про Агенс во месец декември 2019: Скопје, х. „Континентал“, 23-24 декември 2019 година (понедел.-вторник).
Предлог измени и дополнувања на Законот за вршење на сметководствени работи пред Собраниската Комисија за финансирање и буџет (декември 2019 година). Се предлага бришење на одредбите кои се однесуваат на спроведување на испит за проверка на знаење за задржување на статус сметководител, односно статус овластен сметководител. Се намалува бројот на часови за континуирано професионално усовршување за сметководителите и овластените сметководители кои започнале со посета на часови за континуирано професионално усовршување во календарските 2017, 2018 и 2019 година. Се намалуваат глобите. Предлог Законот и ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ на Законот за вклучен Предлог побарај на ПОВЕЌЕ.
Целосно објаснување на постапката за стекнување на уверение за Овластен сметководител / Сметководител побарај на ПОВЕЌЕ.
Во Службен весник на РСМ бр. 170/19 од 16 август 2019 година објавени се 3 нови правилници кои се однесуваат на финансиското известување на друштвата за осигурување. Погледај детали и Правилниците симни ги на ПОВЕЌЕ.
По барање на Управата за финансиско разузнавање, засновано на горенаведениот член 115 на ЗСПП, а за потребите на воспоставувањето на Регистарот на вистински сопственици од страна на Централниот регистар, Институтот на сметководители и овластени сметководители – ИСОС испрати табела до субјектите кои вршат сметководствени работи (сметководствени друштва/трговци поединци), во која истите треба задолжително да внесат податоци за сите свои клиенти (правни лица) за кои водат сметководство и на кои им се овластен сметководител. За легитимноста на ваквото барање на ИСОС прочитајте на ПОВЕЌЕ.
Белешки од Јавната расправа за Законот за вршење на сметководствени работи во организација на Комисијата за финансирање и буџет на Собраниието одржана на 7 март о.г. може да симнете на ПОВЕЌЕ.
Комисијата за финансирање и буџет на Собранието за 7 март (четврток) со почеток во 11 часот, закажа Јавна расправа за Предлог Законот за вршење на сметководствени работи (седница бр. 47). Детали побарајте на ПОВЕЌЕ.
Предлог Законот за вршење на сметководствени работи на 18-ти февруари 2019-та година на ПРВО читање во Собранието на РМ. Заедно со Законот за ВрСмР на истата седница е и Предлог Законот за ревизијата во прво читање. Измената на Законот за ревизијата е линкувана со новите решенија во Законот за ВрСмР. Линкови до законите побарајте на ПОВЕЌЕ.