Алатка за пресметка на практикантски надомест – Шифра за практикант со неполно работно време

Проагенсова алатка за пресметка на практикантски надомест, согласно со насоките на УЈП и Законот за практиканство, може да симнете на ПОВЕЌЕ. Нова шифра за МПИН образецот за практикант со неполно работно време.

Share
Младински додаток

Поттикнувањето на вработувањето на млади лица до 23 години со додаток од државата од 3.000 денари/месечно. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Регрес за годишен одмор и Новогодишен надомест 2019

Текст посветен на правото, обврската, висината, даночниот третман, ... на регресот за годишен одмор и новогодишниот надомест за 2019 година побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Нова шифра во МПИН за субвенционирање на придонесите (404)

404 нова шифра во МПИН за субвенционирање на придонесите. Правилникот и Законот за субвенционирање на придонесите, како и Коментар на правото за субвенциониање на придонесите за зголемување на плата побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Закон за исплати на плати (пречистен текст – 202.19)

Пречистен текст на Законот за исплата на платите во РС Македонија (заедно со последната измена објавена во Сл. весник 202/19) може да го симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
31 август – Краен рок за поднесување на изјава за продолжување на договорот за вработување пред пензионирање

Членот 104 од ЗРО, во кој како основа за престанокот на договорот за вработување се утврдува возраста на работникот, утврдува рок во кој работникот со писмена изјава до работодавачот може да побара да му се продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст. Писмената изјава работникот, за прв пат, ја дава најдоцна до 31 август во годината која што и претходи на годината во која работникот ќе наполни 64 години возраст. За секое натамошно продолжување на договорот за вработување најмногу до 67 години возраст, работникот (маж и жена) изјавата ја дава еднаш годишно, а најдоцна до 31 август во годината којашто и претходи на годината за која се бара продолжување на договорот за вработување. Работодавачот е должен по дадената изјава да го продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст. Пример на писмена изјава може да симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Насоки на УЈП за начинот на подготовка на МПИН пресметка од страна на работодавач за лица на ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА

Насоки на УЈП за начинот на подготовка на МПИН пресметка од страна на работодавач за лица на ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА симни на ПОВЕЌЕ.

Share
Закон за практиканство

Текст за примена на НОВИОТ Закон за практикантство, со детални објаснувања и примери со пресметки и Новиот Закон за практиканство може да го симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Правила за користење на годишен одмор и за исплата на регрес во 2019-та година

Правото на платен годишен одмор е едно од основните права и слободи утврдено со членот 32 став 4 на Уставот на РМ, во рамки на економските, социјалните и културните права. Уставот на РМ става посебен акцент на неприкосновеноста на правото на одмор за неговиот носител, со определба дека од ова право вработениот не може да се откаже. Работникот има право на платен годишен одмор од најмалку 20 работни дена, со тоа што со колективен договор или договор за вработување годишниот одмор може да се продолжи до 26 работни дена. Текст со наслов „ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ГОДИШЕН ОДМОР И ЗА ИСПЛАТА НА РЕГРЕС ВО 2019 ГОДИНА“ и Интерни акти во ворд за годишниот одмор и регресот побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Влада на РСМ: 7 мај 2019 (вторник), неработен ден на територијата на Град Скопје

Владата на РСМ одлучи 7 мај 2019 (вторник) да биде неработен ден за сите вработени во јавната и државната администрација на територијата на Град Скопје. На приватните компании, особено од централното градско подрачје Владата исто така им препорача да не работат. За начинот на пресметување на платата за овој ден детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share