Нов Закон за работното време на мобилните работници (возачи и др.) во патниот сообраќај

Од 7 август 2018 година влезе во сила новиот Закон за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај. Коментар на Законот и самиот Закон побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Нов Закон за приватните агенции за вработување

Донесувањето на новиот Закон за приватните агенции е мотвирано од концептуални причини произлезни од ратификувањето на Конвенцијата за приватните агенции за вработување, 1997 (C 181) на Меѓународната организација на трудот во 2012 година, која на тој начин стана составен дел на правниот систем на РМ. Коментар на Законот и самиот Закон може да го симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Измени на Законот за вработување на инвалидни лица

Законот за вработување на инвалидни лица, кој ги уредува посебните услови за вработување и работење на инвалидни лица (вработени или самовработени) и условите за основање и погодностите за работење на трговското друштво за вработување на инвалидни лица - заштитно друштво, е изменет и дополнет во „Службен весник на РМ“ бр. 99 од 29 мај 2018 година со примена на измените од 6 јуни 2018 година. Пречистен текст на Законот и кратка информација за измените побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Брзо, кратко, јасно за регресот за годишен одмор за 2017 година

Потсетуваме на обврската за исплата на регрес за годишен одмор за 2017 година согласно со законските одредби и колективните договори и пропишани износи. Деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
31 август: Краен рок за продолжување на работниот однос пред пензионирање !

ИНФО ПОТСЕТУВАЊЕ: 31 август е краен рок за давање изјава за продолжување на работен однос ! Согласно со член 104 (ставови 2, 3 и 4) од Законот за работните односи, рботникот (маж и жена) со писмена изјава до работодавачот може да побара да му се продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст. Деталите (Изјава и Одлука) побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Надоместок за боледување – Нормативен, сметководствен и даночен аспект

Во рамките на задолжителното здравствено осигурување, на осигурениците во работен однос (вработени лица) им се обезбедува право на паричен надоместок по основ на БОЛЕДУВАЊЕ за време на: -привремена спреченост за работа поради болест и повреда и -отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Најава на измени на Законот за административни службеници

Министерство за информатичко општество и администрација најавува измени и дополнувања на Законот за административни службеници. За деталите види на ПОВЕЌЕ.

Share
Даночен и сметководствен третман на службените патувања во земјата и странство

Во текот на работењето, деловните субјекти, институциите и органите често пати имаат потреба да испраќаат свои вработени (или надворешни соработници) на службен пат во земјата или во странство, со цел да извршат разни работни ангажмани, при што настануваат трошоци по повеќе основи. Трошоците поврзани со престојот и исхраната, но и останатите трошоци на самото службено патување, работодавачот има обврска да му ги надомести на работникот. Во текстот што може да го симнете на ПОВЕЌЕ се задржуваме на нормативниот, сметководствениот и на даночниот третман на овие трошоци.

Share
Интерни акти за годишен одмор и регрес

Примери на интерни акти за годишен одмор и регрес може да симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Годишен одмор и регрес 2017-та

Текст за правата за користење на годишен одмор и исплата на регресот за 2017 година прoчитајте на ПОВЕЌЕ

Share