Текст за појаснување на наведените системи на оданочување и осврт на сметководствената и даночна евиденција кај секој од нив побарај на ПОВЕЌЕ.
31 март 2021 година е последен рок за поднесување до УЈП на ДД-01-Барање за пренесување на искажаната загуба. Искажаната Даночна загуба (Негативна даночна основа утврдена како разлика меѓу повисокиот износ на Загуба од Билансот на успех и помалиот износ на Оданочиви расходи од Даночниот биланс) може да се пренесе на товар на добивката (читај: на товар на даночната основа) во идните пресметковни (даночни) периоди најмногу до ПЕТ години сметано од годината во која е искажана загубата. Детали, текст, образец, акти и прописи побарај на ПОВЕЌЕ.
Со предлог измени на Законот за данокот на личен доход се продолжува ослободувањето за месечните аконтации на вршителите на дејност до мај 2021 година и се преполовува даночната обврска за 2021 за занаетчиите-паушалисти. Детали и текстот на предлог Законот за ДЛС побарај на ПОВЕЌЕ.
Обврската за домашните исплатувачи на оданочиви приходи (кои се предмет на оданочување со задржан данок) на странски правни лица да ја известуваат Управата за јавни приходи - УЈП на годишно ниво, до 15 февруари 2021 година за 2020 година, со поднесување на „Извештај за уплатениот данок по задршка“ (образец „ДД-И“), за износот на данокот што го задржале и уплатиле при исплатата на приходот е пропишана со Законот за данокот на добивка. Детали побарај во текстот на ПОВЕЌЕ.
Потврди за резидентен стауст за 2021 година за Facebook и Google побарај на ПОВЕЌЕ.
За цели на имплементирање на последните измени во Законот за ДДВ („Службен весник на РСМ“, бр. 267/20), пропишан е нов образец - нова ДДВ пријава (со Правилникот за формата и содржината на даночната пријава на данокот на додадена вредност - „Службен весник на РСМ“, бр. 315/20), која во однос на претходната пријава е проширена за нови 4 полиња.
Детали за имплементацијата на НОВИОТ Правилник за фискалната опрема (315/20), после додавањето на новата ДДВ стапка од 10%, текстот на Правилникот и пречистен текст побарај на ПОВЕЌЕ.
За последниот даночен период од 2020-та, ќе се примeнува новиот образец на ДДВ пријавата (ДДВ-04, со 32 полиња). Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Од 1 јануари 2021 година се применува НОВА Oдлука за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност. Одлуката можеш да ја симнеш на ПОВЕЌЕ.
Текстот „Параметри за пресметување на платите за 2021 година симнете го на ПОВЕЌЕ.