ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ИСОС
Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) ги известува своите членови сметководители во Република Македонија кои вчера и денес немаат пристап во системот на е-даноци заради негова целосна блокада, како и неможноста да ја извршат задолжителната обврска за достава на обрасците во законски предвидените рокови дека секое задоцнето доставување нема да се смета за доцнење и НЕМА да претставува прекршок заради неподнесување на аконтативната пријава во пропишаниот рок – 25 јануари 2017 година.
Доставата на ДДВ-04 аконтативната пријава за месец декември 2016 и тримесечната обврска за период 01.10.2016 до 31.12.2016 година може да ја направите во наредните денови по деблокада на системот за е-даноци.
Управата за јавни приходи заради оваа блокада на ситемот на е-даноци ДДВ-04 аконтативни пријави доставени во овој рок нема да ги смета за задоцнети и нема да постапува согласно со казнените одредби предвидени во членовите од 59 до 60-а од Законот за додадена вредност.
Скопје, 25 јануари 2017 година