Министерство за финансии: Информација за даночните биланси 2019 година

Информацијата на Министерството за финансии за составувањето / доставувањето на Даночните биланси за 2019 година побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Објавен Правилникот за данокот на добивка (измени) и НОВ Даночен биланс за 2019 година

Во Сл. весник на РМ, бр. 6/19 од 10.01.2020 година Објавен е Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на пресметување и уплатување на данокот на добивка и начинот на одбегнување на двојното ослободување или двојното оданочување. Во Рамките на Правилникот е објавен и НОВИОТ Даночен биланс за оданочување на добивката - образец ДБ, кој ќе се примени за 2019 година. Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на пресметување и уплатување на данокот на добивка и начинот на одбегнување на двојното ослободување или двојното оданочување и НОВИОТ Образец ДБ симни го на ПОВЕЌЕ.

Share
УЈП: Нов образец ДД-БС – Барање согласност за признавање на расход во Даночен биланс

На официјалната интернет страница на УЈП, www.ujp.gov.mk, на 10 јануари 2020 година беше објавен нов Образец  ДД-БС: Барање согласност за признавање на расход во даночен биланс. Со оваа објава на УЈП, е пополнет недостатокот на образец-Барање кој во праксата беше решаван со поднесување на писменото барање до УЈП без користење на пропишана форма на образец. Образецот ДД-БС (Барање) се поднесува најдоцна до 31 јануари 2020 година (петок), што е краен рок за доставување на писмено Барање до УЈП за целите на признавањето на целосната амортизација (расходување) на преостанатата сегашна вредност на средствата кои не можат понатаму да се користат. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Пресметување на амортизацијата за даночни цели за 2019 година

Новата Уредба за Номенклатурата за средствата за амортизација и годишните амортизациони стапки, како и начинот на пресметување на амортизацијата, односно отписот на вредноста на материјалните и нематеријалните средства е објавена во „Службен весник на РСМ“, бр. 277/19 од 30.12.2019 година. Иако објавена на самиот истек на 2019 година, Уредбата ќе се применува за изготвувањето на годишната сметка и даночниот биланс за 2019 година. Уредбата за амортизација е донесена во функција на ограничувањето на трошоците за амортизација за целите на оданочувањето (формирањето на даночната основа) и со истата не се наложува нејзина задолжителна примена за целите на финансиското известување, односно за составувањето на Годишната сметка и Финансиските извештаи. Целосен текст за даночниот третман на амортизацијата за целите на оданочувањето со данок на добивка побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Нова Уредба за амортизација (во примена со Годишната сметка и Даночниот биланс за 2019 година)

Новата Уредба за амортизација објавена во Службен весник бр. 277.19 (во примена со Годишната сметка и Даночниот биланс за 2019 година) може да ја симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Сет на Закони објавени во Сл. весник на РС, бр. 275.19

Службениот весник на РСМ бр. 275/19 од 17 декември 2019 година со сет на даночни и други закони може да го симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
ДОНЕСЕНИ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА (275.19)

Во Собранието се доставени предлог измени и дополнувања на Законот за данокот на добивка. Кратко инфо, Предлог Законот и ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ на Законот за данокот на добивка со вклучено предлог измени, побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Пресметката на данок на добивка при престанување на условите за даночно ослободување-Нов образец ДД-ДО

Пресметката на данок на добивка при престанување на условите за даночно ослободување-Нов образец ДД-ДО. Детали на ПОВЕЌЕ.

Share
Два нови правилници, подзаконски прописи на Законот за данокот на добивка и два НОВИ Обрасци

НОВ Даночен биланс за непрофитни организации (Образец „ДБ-НП/ВП“) и НОВ Образец “ДД-ПЗ“ за плаќање на данок на добивка заради покривање на загуба со добивки кои потекнуваат од периодот 2009 до 2013 година (кога се плаќаше данок на непризнаени расходи).

Share
Автентично толкување на одредба од Законот за данокот на добивка

Автентично толкување на одредба од Законот за данокот на добивка поврзано со исплатените авторските хонорари на странски правни лица од аспект на задржаниот данок. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share