До 31 март 2019 – Последен рок за поднесување до УЈП на ДД-01-Барање за пренесување на искажаната загуба

Искажаната Даночна загуба (Негативна даночна основа утврдена како разлика меѓу повисокиот износ на Загуба од Билансот на успех и помалиот износ на Оданочиви расходи од Даночниот биланс) може да се пренесе на товар на добивката (читај: на товар на даночната основа) во идните пресметковни (даночни) периоди најмногу до ТРИ години сметано од годината во која е искажана загубата. Пренесувањето на даночната загуба се врши врз основа на претходно одобрување од УЈП. Потсетуваме дека 31 март 2019 година е последен рок за поднесување на Барање за пренесување на искажана даночна загуба за 2018-та година до УЈП на образец „ДД-01“. За деталите прочитај на ПОВЕЌЕ.

Share
Пресметување на аконтации на данокот на добивка за 2019-та година

Од 2019-та година, непрофитните организаци (здруженија на граѓани, фондации, сојузи, секој организационен облик на странска организација, како и друга форма на здружување) регистрирани според Законот за здруженија и фондации (ЗЗФ) ПОВЕЌЕ НЕ СЕ ОБВРЗНИЦИ НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА и НЕ ПЛАЌААТ месечни даночни аконтации. Претходното НЕ се однесува на регулаторните тела кои се основани (регистрирани) согласно со посебни закони: АСО, МАПАС, КХВ, Агенции, ИСОС, Заедници на сопственици на станови, Совети, ... итн. Аконтации на данокот на добивказа 2019-та година плаќаат даночните обврзници што поднеле Даночен биланс за 2018-та година, со исклучок на непрофитните организации регистрирани согласно со ЗЗФ. Текст за пресметување на аконтациите на данокот на добивка за 2019-та година и Алатка за пресметување на месечната аконтација на данокот на добивка за 2019 година може да симнете на ПОВЕЌЕ

Share
Непрофитните организаци регистрирани според ЗЗФ, од 2019-та година НЕ СЕ ОБВРЗНИЦИ НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА и НЕ ПЛАЌААТ месечни даночни аконтации

Од 2019-та година, здруженијата на граѓани, фондациите, сојузите, како и секој организационен облик на странска организација, како и друга форма на здружување, регистрирани согласно со Законот за здруженија и фондации, НЕ се обврзници за данок на добивка. Овие субјекти од 2019-та година НЕ плаќаат ниту МЕСЕЧНИ ДАНОЧНИ АКОНТАЦИ. Детали за овие важни даночни новини побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Коментар на новините во Законот за данокот на добивка (248/18)

Во „Службен весник на РМ“, бр. 248/18 од 31 декември 2018 година објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка, со примена од 1 јануари 2019 година. Објавените измени и дополнувања се предмет на коментирање во текстот во продолжение и истите не се однесуваат на даночното известување за 2018-та година, односно на составувањето на Даночниот биланс за 2018-та година. Новините ќе се применат при составување на Даночниот/те биланс/и за 2019 година и натаму. Детален kоментар за новините во Законот за данокот на добивка (248/18) побарајте на ПОВЕЌЕ.

Share
Оданочување на годишниот вкупен приход – ДБ-ВП

Трговските друштва класифицирани како микро и мали трговци, како и правните лица (ПЗУ - приватни здравствени установи и други правни лица) резиденти на Република Македонија кои водат сметководство и изготвуваат годишни сметки согласно со Законот за трговските друштва и кои според природата и обемот на дејноста се сметаат за трговци, можат да се определат да пресметуваат и плаќаат годишен данок на вкупен приход, наместо да плаќаат данок на добивка (членови 31-36 од ЗДД). Детали за оданочувањето на Годишниот вкупен приход за 2018-та побарајте на ПОВЕЌЕ.

Share
Измените на Законот за данокот на добивка објавени во Сл. весник 248/18

Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка кој ќе се применува од 2019 година е објавен во Сл. весник на РМ, бр. 248/18 од 31.12.2018 година. Пречистен текст на Законот за данокот на добивка со вклучени изменувања и дополнувања од Сл. весник на РМ, бр. 248/18 можете да симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Алатка за МДБ за 2019-та

Алатката за пресметка на месечната аконтација на данокот на добивка за 2019 година може да ја симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Предлог измени на Законот за данокот на добивка во примена од 2019 година

Какви се решенијата во Предлог измените на Законот за данокот на добивка во примена од 2019 година (сите детали ќе ги дознаете на ДЕКЕМВРИСКИ КПУ обуки на Про Агенс). Предлог Законот и ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ на Законот со вклучени предлог измени од ноември 2018 година, како и детали за него побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Ваучерски систем – Нов модел на финансирање на спортот преку данокот на добивка

Македонската Влада најавува ваучерски систем на финансирање на спортот. Со ваучерскиот систем, дел од данокот на добивка, се става на располагање на спортските субјекти (спортски клубови и федерации) заради зголемување на нивната финансиска моќ. Секој правен субјект, обврзник на данокот на добивка, ќе добие можност до 50% од пресметаниот данок на добивка да го инвестира директно во спортот. Спортски клубови, федерација или поединечен спортист ќе располагаат со ваучери којшто ќе значат платен данок на добивка за компанија. Со ова сите спортски субјекти имаат еднаква шанса за примање на финансиски средства без фаворизирање. Деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Информатор 3.2018

Актуелни теми од Информаторот бр. 3/2018 година може да симнете на ПОВЕЌЕ.

Share