Четири важни предлог измени на Законот за данокот на добивка (април 2021 година). Информација за предложените измени, Предлог Закон и Пречистен текст на Законот за данокот на добивка со вклучени предлог измени побарај на ПОВЕЌЕ.
31 март 2021 година е последен рок за поднесување до УЈП на ДД-01-Барање за пренесување на искажаната загуба. Искажаната Даночна загуба (Негативна даночна основа утврдена како разлика меѓу повисокиот износ на Загуба од Билансот на успех и помалиот износ на Оданочиви расходи од Даночниот биланс) може да се пренесе на товар на добивката (читај: на товар на даночната основа) во идните пресметковни (даночни) периоди најмногу до ПЕТ години сметано од годината во која е искажана загубата. Детали, текст, образец, акти и прописи побарај на ПОВЕЌЕ.
Поставен е образецот ДД-ОМА/1 за ослободување од плаќање на аконтации за данок на добивка и пролонгиран е рокот за негово поднесување до 14 декември 2020 година (понеделник). Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Од 7 декември 2020 година,лабораториските тестови за Covid-19 за вработени лица се ослободени од данок на личен доход; 2020 година: Трошоците за лабораториски тестови за Covid‐19 за лица вработени кај обврзникот на данокот на добивка, во износ до 9.000 денари годишно ќе имаат третман на даночно признаен расход. Детален текст на темата побарај на ПОВЕЌЕ.
Со измените на Законот за данокот на добивка (во сила од 7.12.2020 година) е пропишано право на ослободување од плаќање на аконтации на данок на добивка за месеците ноември и декември 2020 година, како и за јануари и февруари 2021 година. За условите кои треба да ги исполнат правните лица обврзници на данок на добивка за да бидат ослободени од плаќање на аконтациите на данокот на добивка за овие 4 месеци и за останатите детали, вклучувајќи и пречистен текст на Законот побарај на ПОВЕЌЕ.
Најнови Предлог измени на Законот за данокот на добивка и Законот за данокот на личен доход во собраниска процеддура. Краток преглед и Предлог Законот за данокот на добивка и Законот за данокот на личен доход побарај, како и пречистени текстови на двата закони побарај на ПОВЕЌЕ.
Поради разни деловни причини, трговските друштва и други стопански субјекти се одлучуваат за пренамена на еднаш веќе наменски класифицираните недвижнини. Така на пример, стопанствениците се одлучуваат своите недвижности користени во дејноста, да ги пренаменат за изнајмување, продажба или пак вложување во друго друштво. Често пати, недвижностите кои се изградени за цели на продажба, а продажбата не е извесна, се даваат за изнајмување. Сите детали за Сметководствениот и даночниот третман при пренамена на недвижности побарај ги на ПОВЕЌЕ.
30 септември 2020 година е рок за поднесување на Извештајот за трансферните цени за 2019 година до Управата ја јавни приходи. Детален текст на тема: „Извештај за трансферните цени за 2019-та година - утврдување на оданочиви разлики од деловни и финансиски трансакции со поврзани лица“ и Правилникот за трансферни цени побарај ги ПОВЕЌЕ
Продолжено ослободувањето од плаќање на аконтации на данок на добивка за јуни и јули 2020 година. Детали и пречистен текст на Уредбата побарај на ПОВЕЌЕ.
Согласно со Уредбате со законска сила за примена на Законот за данокот на добивка за време на вонредна состојба (79.2020), таргетирани обврзници на данокот на добивка кои претрпеле штети во работењето од Корона вирусот и кои исполнуваат дефинирани услови ќе бидат ослободени од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за месеците март, април и мај 2020 година. Сите детали за Уредбата, пречистен текст на Законот за данокот на добивка и НОВИОТ образец Барање побај ги на ПОВЕЌЕ.