Пречистени текстови на важни закони – јануари 2019

За Вас подготвивме пречистени текстови на неколку важни прописи кои имаа измени и дополнувања во месец декември 2019-та година: Закон за трговските друштва, Закон за ПИО, Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување, Закон за данокот на добивка, Закон за данокот на личен доход. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Нов Предлог Закон за јавните набавки – 1 април 2019

Новиот Предлог Закон за јавните набавки, е втора точка на дневен ред на 66-тата Собраниската седница закажана за 26.11.2018 година. Според преодните одредби, Законот би влегол во сила на 1 април 2018 година. Предлог Законот за јавните набавки може да го симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Измени во Известувањата за состојбата и промените на капиталот и обврските

Во Службен весник на РМ број 185/17, со примена од 1 јануари 2018 годинам, објавени се измени и дополнувања на: 1) Упатство за начинот на известување за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на ВЛОЖУВАЊА ОД СТРАНСТВО („Службен весник на РМ“, бр. 108/14 и 200/16) и 2) Упатство за начинот на известување за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на ВЛОЖУВАЊА ВО СТРАНСТВО („Службен весник на РМ“, бр. 108/14 и 200/16). Упатствата се однесуваат на известувањето за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на вложувањата во / од странство (Обрасци ВС 11 и ВС 22). Информации побарајте на ПОВЕЌЕ.

Share
Најава за измени во Законот за сметководството за буџетите

Заради обезбедување на поголема транспарентност во работењето на буџетите и буџетските корисници, односно за информирање на јавноста за состојбата на средствата, обврските, изворите на средствата, за остварените приходи и реализираните расходи на овие институции, се предлага буџетите и буџетските корисници завршните сметки да ги објавуваат на својата веб страница во рок од 15 дена од доставувањето на истите до Регистарот на годишните сметки при Централниот регистар на Република Македонија.

Share