Анкета за КПУ за овластени сметководители / сметководители

АНКЕТЕН ЛИСТ Во функција на успешна подготовка за спроведување на активностите за Континуирано професионално усовршување на овластените сметководители / сметководители (КПУ) согласно со Законот за вршење на сметководствени работи изготвивме АНКЕТЕН ЛИСТ чии пополнување ќе ни овозможи донесување на корисни заклучоци во насока на подобрување на условите за спроведување на КПУ. Деталите и линкот за симнување на Анкетниот лист побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
31 август: Краен рок за продолжување на работниот однос пред пензионирање !

ИНФО ПОТСЕТУВАЊЕ: 31 август е краен рок за давање изјава за продолжување на работен однос ! Согласно со член 104 (ставови 2, 3 и 4) од Законот за работните односи, рботникот (маж и жена) со писмена изјава до работодавачот може да побара да му се продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст. Деталите (Изјава и Одлука) побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Капитални добивки/загуби на домашни/странски правни/физички лица – даночен и сметководствен третман

Авторски текст за даночниот и сметководствен третман на капиталните добивки и загуби на домашни и странски правни и физички лица прочитај на ПОВЕЌЕ.

Share
Даночен третман на трошоците за сместување/превоз на ангажирани лица

За даночниот третман на трошоците за сместување и превоз на лица ангажирани од страна на обврзник на данок на добивка прочитајте на ПОВЕЌЕ

Share
Агенцијата „Про Агенс“ е акредитирана за вршење на КПУ на овластени сметководители/сметководители

Агенцијата „Про Агенс“ е акредитирана за вршење на континуирано професионално усовршување на овластените сметководители / сметководители, согласно со одредбите на Законот за вршење на сметководствени работи!

Share
Даночен третман на продажбите по цени пониски од набавните

Честопати, во случаите кога набавените добра и/или услуги се продаваат под набавната цена (или цена на чинење) погрешно се толкува исходот на ваквата трансакција од аспект на данокот на додадена вредност. Поради издвоено набљудување на повисокиот претходен данок од понискиот излезен данок (даночен долг) од продажбата, даночниот орган (даночните инспектори) на тоа гледа како на штета нанесена на Буџетот и обично се бара „надоместување“ на истата. Дали ваквото постапување е правилно? Дали навистина постои штета за Буџетот? Во текстов се осврнуваме на оваа проблематика и воопшто на продажбите по цени пониски од набавните (цените на чинење). Деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Надоместок за боледување – Нормативен, сметководствен и даночен аспект

Во рамките на задолжителното здравствено осигурување, на осигурениците во работен однос (вработени лица) им се обезбедува право на паричен надоместок по основ на БОЛЕДУВАЊЕ за време на: -привремена спреченост за работа поради болест и повреда и -отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Измени и дополнувања на Законот за минимална плата со Предлог закон

Со предлог Законот за минимална плата висината на минималната бруто за периодот септември 2017 година - јуни 2018 година, се утврдува на износ од 17.130 денари (пандан на овој износ е НЕТО платата од 12.000 денари). Детали побарајте на ПОВЕЌЕ.

Share
Најава на измени на Законот за административни службеници

Министерство за информатичко општество и администрација најавува измени и дополнувања на Законот за административни службеници. За деталите види на ПОВЕЌЕ.

Share
Даночен и сметководствен третман на службените патувања во земјата и странство

Во текот на работењето, деловните субјекти, институциите и органите често пати имаат потреба да испраќаат свои вработени (или надворешни соработници) на службен пат во земјата или во странство, со цел да извршат разни работни ангажмани, при што настануваат трошоци по повеќе основи. Трошоците поврзани со престојот и исхраната, но и останатите трошоци на самото службено патување, работодавачот има обврска да му ги надомести на работникот. Во текстот што може да го симнете на ПОВЕЌЕ се задржуваме на нормативниот, сметководствениот и на даночниот третман на овие трошоци.

Share