Нов износ на МИНИМАЛНА ПЛАТА од јули 2018 година

Mинималната бруто плата од јули 2018 година ќе изнесува 17.370 денари, а соодветно на тоа и пресметаниот минимален нето износ на истата ќе бида 12.165 денари. Детали за информацијата и Пречистен текст на Законот за минимална плата со вклучени предлог измени од ЈУЛИ 2018 може да ги симнеш на ПОВЕЌЕ:

Share
Измени во Законот за трговија (во сила од САБОТА – 7 јули 2018 г.) – укинување на забраната за продажба на алкохол ноќе

Со новите измени во Законот за трговија - „Законот“ (објавени во „Службен весник на РМ“, бр. 120/18), направени се одредени поволности за трговците на мало, во однос на продажбата на алкохолните пијалоци. Измените стапуваат во сила од 7 јули 2018 година (сабота), а се однесуваат на следново: Укинати се ограничувања во врска со времето на продажба на алкохолни пијалаци во малопродажните објекти во трговијата и укинати се ограничувања во врска со продажните објекти и условите во кои можат да се продаваат алкохолни пијалаци во нив. Пречистениот текст на Законот за трговија и деталите за новините побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Со последните измени на ЗТД – извршено бришење на тајните друштва

Со најновите измени и дополнувања на Законот за трговските друштва (усвоени на 26 јуни 2018 година, Сл весник 120/18), се бришат одредбите кои се однесуваат за тајните друштва. Измените се направени во насока на зголемување на транспареноста, намалување на можноста за даночна евазија и даночно затајување, потребно од достапност на информации за правниот или вистински сопственик на правните субјекти, како и потребата на даночната администрација да има пристап до тие информации, со цел истите да може да ги користи за свои цели и да ги разменува со другите даночни администрации. Пречистен текст на ЗТД и детали за новините побарајте на ПОВЕЌЕ.

Share
Важни обврски од НОВИОТ Закон за спречување на перење пари

За субјектите, мерките и дејствијате за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам, за забраната за плаќање во готово и за другите обврски што произлегуваат од Новиот Закон (Сл. весник. 120/18) прочитајте детали на ПОВЕЌЕ..

Share
МСФИ 15 – Приходи од договори со купувачи (примена од 1 јануари 2018 гдина)

За потребите на македонските компании, кои известуваат кон странство, како и заради запознавање на субјектите од приватниот сектор со тековно важечките сметководствени стандарди во странските држави со чии резиденти деловно соработуваат, темата на линкуваниот текст е новодонесениот МСФИ 15 - Приходи од договори со купувачи, кој се применува од 1 јануари 2018 година. МСФИ 15 не е вклучен во Правилникот за водење сметководство, така што не е задолжителен за изготвување на годишната сметка и финансиските извештаи за македонските известувачки субјекти. Целта на носењето на новиот МСФИ 15 е да се подобри финансиското известување за приходите, така што со истиот се заменуваат неколку досегашни стандарди и толкувања, кои ја регулираа проблематиката за признавање на приходите. Појаснувањата и бројните примери за примена на МСФИ 15 побарај ги преку ПОВЕЌЕ.

Share
Нов Закон за приватните агенции за вработување

Донесувањето на новиот Закон за приватните агенции е мотвирано од концептуални причини произлезни од ратификувањето на Конвенцијата за приватните агенции за вработување, 1997 (C 181) на Меѓународната организација на трудот во 2012 година, која на тој начин стана составен дел на правниот систем на РМ. Коментар на Законот и самиот Закон може да го симнете на ПОВЕЌЕ.

Share