Македонски синтетички сметковен план на англиски јазик може да симнете на ПОВЕЌЕ.
Од 8 јуни во примена се ДВА НОВИ Правилници за финансиска поддршка на инвестициите. Со нивната објава станува оперативна можноста за поднесување на барање за доделување и исплата на финансиска поддршка на компаниите што ги исполнуваат законските услови. Во текст што е достапен за преземање ги коментираме решенијата на новиот Закон за финансиска поддршка на инвестициите, вклучувајќи ги и ДВАТА НОВИ Правилници објавени со Сл. Весник 106/18. Освен ОПШИРНИОТ коментар на ПОВЕЌЕ може да го симнете Законот за финансиска поддршка на инвестициите и ДВАТА НОВИ Правилници. Во прилогот се содржани сите Барање, примери на Писмо на намери и на Деловен план, Преглед....
Најавуваме важен деловен настан - Традиционално ЈУНСКО Советување на Про агенс во Грција. Деталите на ПОВЕЌЕ.
Законот за вработување на инвалидни лица, кој ги уредува посебните услови за вработување и работење на инвалидни лица (вработени или самовработени) и условите за основање и погодностите за работење на трговското друштво за вработување на инвалидни лица - заштитно друштво, е изменет и дополнет во „Службен весник на РМ“ бр. 99 од 29 мај 2018 година со примена на измените од 6 јуни 2018 година. Пречистен текст на Законот и кратка информација за измените побарај на ПОВЕЌЕ.
Законот за пријавување и евиденција на обврски е целосно нов законски пропис насочен кон воспоставување на централизиран електронски систем за следење на начинот на располагање со јавни средства од страна на јавните субјекти, преку пријавување и евидентирање на сите преземени, недоспеани, доспеани и неплатени обврски. Коментар на Законот и ЛИНК до новиот е-сервис за пријавување на обврските за субјектите од јавниот сектор побарај на ПОВЕЌЕ.
Рокот за задолжителна котација на АД кои не котираат на берза е продолжен за 2 години. За деталите види на ПОВЕЌЕ.
Најновиот број на Проагенсовото КПУ списание - април 2018 година може да го симнете на ПОВЕЌЕ
После добиена согласност од Министерството за финансии, Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) ја објави Годишната Програма за КПУ за 2018 година. Деталите побарајте ги на ПОВЕЌЕ.