Согласно со Уредбате со законска сила за примена на Законот за данокот на добивка за време на вонредна состојба (79.2020), таргетирани обврзници на данокот на добивка кои претрпеле штети во работењето од Корона вирусот и кои исполнуваат дефинирани услови ќе бидат ослободени од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за месеците март, април и мај 2020 година. Сите детали за Уредбата, пречистен текст на Законот за данокот на добивка и НОВИОТ образец Барање побај ги на ПОВЕЌЕ.
Во „Службен весник на РСМ“ бр. 79 од 26 март 2020 се објави измена на Одлуката, со која се измени највисоката трговска маржа која трговските друштва и трговците поединци можат да ја применат во трговијата на портокали, мандарини, клементини, грејпфрут и лимони. Сите детали за ограничувањата во трговијата заради корина вирусот побарај ги на ПОВЕЌЕ.
Според Уредбата за Законот за општата управна постапка за време на траење на вонредната состојба, роковите кои ги определува овластеното службено лице, кои истекуваат за време на траење на вонредната состојба, престануваат да течат и продолжуваат по истекот на траењето на вонредната состојба, но само за онолку денови колку што преостанале, и тоа од денот на истекот на траењето на вонредната состојба. Детали и Пречистен текст на Законот за општата управна постапка побарајте на ПОВЕЌЕ.
Со Уредба за Законот за облигационите односи се намалува казнената каматна стапка за деловните субјекти и за граѓаните. Детали и пречистен текст на Законот за облигационите односи побарај на ПОВЕЌЕ.
На стечајните должници кои ги исполнуваат условите за отворање на стечајна постапка или поведување на претходна постапка, нема да се отвораат стечајни постапки и да се поведуваат претходни постапки за време на траењето на вонредната состојба. Детали за ова и пречистен текст на Законот за стечај побарај на ПОВЕЌЕ.
Со Уредба на Законот за туристичката дејност на туристичките агенции ќе им се овозможи да издаваат ваучери на клиентите во износ на уплатената сума којшто може да се искористи за било кое следно патување заклучно со 31.12.2021 година. Детали и пречистен текст на Законот за туристичката дејност побарај на ПОВЕЌЕ.
Во услови на кризата од корона вирусот, согласно со членот 30 од Законот за трговија, Владата пропиша ограничување на извозот на одделни производи, определување на највисоки цени за одделни производи и утврди посебни услови за трговија на одделни стоки - забрана за зголемување на маржата. Текст со детали за мерките во трговијата заради заштитa од корона вирусот и сите поврзани прописи побарај на ПОВЕЌЕ.
Информација за важни Уредби за прописите од економска област на Владата на РСМ симни на ПОВЕЌЕ.
Текст за регулативата за електронската трговија, нејзиниот даночен и сметководствен третман побарај на ПОВЕЌЕ.
Објава на Про Агенс Заради заштита на своите вработени и како општествено одговорна компанија која се грижи за своите клиенти почитувајќи ги мерките и препораките на македонските здравствени власти за заштита од корона вирусот, тимот на Про Агенс од утре (среда, 11 март 2020 година), до понеделник (16 март 2020 година), ќе работи под режимот home office (од дома). Канцеларијата на Про Агенс ќе биде затворена. Колегите кои имаат потреба за услугите на тимот на Про Агенс, ќе не контактираат на мобилниот телефон: 070 248 029 и на: kontakt@proagens.com.mk Благодариме на разбирањето